Македонската кондиторска индустрија ги засилува позициите
Објавено на од во луѓе и компании

Konditori 879 GlavnaРастaт инвестициите и извозот, а паѓа увозот на слатки производи

За пет години увозот на кондиторски производи во земјава изразен количински е намален за 34%, додека извозот пораснал за 31%. Расте и вкупното производство на домашните фабрики, кои што заради сè уште релативното високо учество на увозот во домашната потрошувачка на чоколади, кекси и останати производи, мора да најдат пласман во странство на преку половина од своето производство.

“Макпрогрес“, фабриката за кондиторски производи од Виница, пред неколку дена објави дека привршува со монтажа и подготовка за пуштање во употреба на нова линија за производство на наполитанки и вафли – инвестиција вредна 1,5 милиони евра.

“Макпрогрес“ со ова всушност работи на амбициозниот план за двојно зголемување на производните капацитети до 2020 година, кој што беше зацртан пред две години, објаснуваат во компанијата.
“Последниве четири години инвестиравме околу 8 милиони евра за зајакнување на производните капацитети. Со најновата инвестиција ќе вработиме уште 30 луѓе и ќе ги зајакнеме позициите на постојните брендови наполитанки и вафли, како и можноста за развој на нови брендови и подбрендови“, вели Глигор Цветанов, генерален менаџер на Макпрогрес.

Нешто пред тоа, и “Витаминка“ од Прилеп објави инвестиција во нова производна линија за чоколадирани производи и нов магацин, во износ од два милиони евра, финансирана преку кредитна линија од Европската банка за обнова и развој – ЕБОР.
Досега ЕБОР има обезбедено кредити во износ од 9,5 милиони евра со кои што “Витаминка“ ја финансираше својата инвестициска програма изминативе десетина години.
“Дел од растот на една фирма е постојаното инвестирање во нови машини. Тоа несомнено значи и постојано подобрување на квалитетот на производите. Во свет на иновации, каде што нештата постојано се менуваат, од есенцијално значење е да бидете во чекор со тие промени“, рече генералниот менаџер на „Витаминка“, Сашо Наумоски, и додаде дека на овој начин ќе го зголемат капацитетот на производството, а со тоа и ќе имаат поголеми можности за пласман на своите производи во странство.

Konditori 879 22
Овие две најнови, значајни инвестиции во домашната кондиторска индустрија (чоколади, бонбони, кекси, вафли, кремови и гуми за џвакање), ги зголемуваат капацитетите на производство и на извоз на овој бизнис сектор, кој што последниве 15 години бележи раст и развој и покрај бројните проблеми и пречки на патот.

Konditori 879 brojkiДомашните производители супституираа добар дел од увозот

Ако се погледнат бројките што ги има објавено Групацијата на кондиторската индустрија при Стопанската комора на Македонија, во 2015 година домашните кондитори ја завршиле со околу 24.000 тони производи, што е отприлика годишната потрошувачка на македонскиот пазар. Во 2000 година, на пример, домашното производство било околу 12.500 тони, што значи дека за деценија и пол е двојно зголемено. Но, истовремено, во земјава растеше и увозот на кондиторски производи, кој што ја пополни празнината заради намаленото домашно производство во периодот на транзицијата и пропаѓањето на некои од македонските фабрики, но и со агресивниот маркетинг и поволните услови на пазарот, увозниците и дистрибутерите освоија и дополнителен број потрошувачи. Така, во периодот 2008-2009 година, увозот на слатки производи во Македонија достигна до 18.000 тони годишни, за потоа да почне да паѓа и минатата година да изнесува околу 11.000 тони. И покрај овој тренд, домашните фабрики сепак мора околу 13.000 тони да пласираат за извоз, колку што тој изнесува минатата година. Извозот на македонски кондиторски производи се зголемува од година во година, па така, ако во 2000 година тој бил 4.700 тони, во 2010 над 10.000, а во 2015 година 13.200 тони.
Гледано од финансиски аспект, извозoт на кондиторски производи во 2015 година донесе 34 милиони долари или 19% зголемување во однос на 2012, покажуваат податоците на Стопанската комора, додека во однос на 2000 година истото е зголемено за 2.8 пати. Во исто време увозот изминатата година изнесува 10.7 милиони долари што е намалување од 14% во однос на 2012 година, факт што укажува дека освен зголемен извоз, домашните кондитори истовремено ги истиснаа странските производители и на домашниот пазар.
Глигор Цветанов, од “Макпрогрес“, во моментов најголем извозник на кондиторски производи, вели дека за извозните компании добри перспективи има единствено ако компанијата го достигне нивото на квалитет, стандарди и конкурентност.
“Единствен проблем со кој се соочуваме е недостатокот на работна сила кое нешто се должи на се поголемо иселување кон европските држави на младо работоспособно население од државата посебно од малите места како што е Виница каде што ние опстојуваме. Во последниве години како компанија работиме доста за освен солидни и редовни примања, да обезбедиме и подобри услови и поголем квалитет на живот на вработените“, вели Цветанов.

Поскапениот шеќер повторно “им го крена шеќерот“ на кондиторите

Цветанов додава дека во моментов пазарот на кондиторски производи е стабилен, а потрошувачката зависи од повеќе фактори, како што се потрошувачката моќ и промените на навиките во исхраната.

“Она што радува е дека сè повеќе квалитетни домашни производи ги заменуваат увозните, како и дека сè повеќе македонски кондиторски производители се охрабруваат за настап на странските пазари што допринесува за зголемување на извозот на кондиторски производи. Макпрогрес трета година по ред е најголем извозник на кондиторски производи од Македонија, а со тоа и креатор на перцепцијата во регионални и светски рамки за квалитет и конкурентност на домашнава прехранбена индустрија.“, вели Цветанов.
Покрај недостигот на работна сила што го истакна тој претходно, главни проблеми според домашните кондитори за поголемо искористување на капацитетите, што се сега се користат со околу 60%, се долгите процедури за увоз на суровини; нелојална конкуренција од увоз; протекционизам на странските пазари; релативно тешкиот пристап до поволни кредити и немањето доволно финансии за учество на саеми, особено за помалите компании…Секако, тука се и променливите цени на основните суровини кои што зависат од движењата на светските стокови берзи.
Пред неколку години изразито високи беа цените на шеќерот и какаото, кои што последниве година – две се стабилизираа донекаде, но шеќерот последниве месеци повторно поскапува, што им задава нови главоболки на производителите.

Konditori 879 tabela
“Цената на шеќерот последниве шест месеци е качена за преку 20%, што секако ќе се одрази на профитабилноста на оваа индустрија, земајќи предвид дека работиме во високо конкурентни пазари и покачување на продажните цени е практично невозможно. Цените на какаото се уште понестабилни, затоа што како берзански производ, него во големи количини го купуваат и разни инвестициски фондови, кои што потоа шпекулираат со цените “, вели Савка Димитрова, генерален менаџер на скопската кондиторска фабрика, Европа, една од најголемите во земјава.
Таа вели, дека освен овие турбуленции во цените на суровините, во моментов не чувствуваат некоја посериозна нестабилност во работењето.
“Изминативе години комплетиравме инвестиции во енергетска ефикасност, модернизирање на некои производни линии и сл., годинава не сме во некоја позначајна инвестициска активност. На среден рок планираме нови вложувања во некои нови типови колачи, но за тоа од следната година“, вели Димитрова.


Konditori 879 01И покрај растот последниве години
Сè уште недостижни бројките од пред транзицијата

Според државната статистика, расположивите кондиторски капацитети изградени во поранешна СР Македонија (1944-1991) изнесувале 33.000 тони и биле проектирани и изградени за високо заштитен пазар од 23 милиони потрошувачи на поранешна Југославија. Со производство од над 28.000 тони во1991 година, расположивите капацитети биле користени просечно годишно околу 70%

Во периодот на транзицијата, војни во регионот, економските блокади на север и југ од земјата и претесниот македонски пазар,  условија постојано опаѓање на производството од година во година, така што во периодот од 1992 година до 1998 година производството опаднало и се задржало на 14.000-16.000 тони или 45-50% помалку во однос на 1991 година, при што капацитетите се користеле 30-36%.

Од 1996 година започнува процесот на либерализација преку договорите за слободна трговија, најпрво со земјите од поранешна Југославија, односно земјите од регионот.

По макотрпното прилагодување на новите односи на основните пазарни агрегати, во рамките на натамошната либерализација, која се одвиваше многу побрзо од процесот на унапредувањето и осовременувањето на производството, домашната кондиторска индустрија се соочи со силната конкуренција од увозот.

Вкупното годишно производство се намали на 12.500 тони во 2002 година, за околу 50% во однос на 1991 год. кога изнесуваше 24.000 тони, и покрај новите над 30 микро субјекти во кондиторската индустрија. Но, во рамките на стратегијата на евро – интеграционите процеси , во изминатите десет години надворешно трговската размена се движеше и сè уште се движи во рамките на создавање на зона на слободна трговија во регионот и со ЕУ со што проблемот на малиот пазар се надмина, а тоа создаде услови за перманентен пораст на производството во оваа дејност.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×