Македонската конзервна индустрија со рекордно производство
Објавено на од во Компании

Konzervna industrijaМакедонската конзервна индустрија годинава бележи рекордно производство, со квалитетни производи, но за тоа да биде уште поголемо е потребна подобра технолошката опременост, со што фирмите од оваа дејност ќе ги намалат трошоците и ќе ја зголемат својата профитабилноста.

За таа цел денес на фирмите од оваа индустрија им беа презентирани новини во технологијата за преработка и пакување овошје и зеленчук од страна на италијански фирми, во организација на Агенцијата за промоција на надворешната трговија при Амбасадата на Италија – ИЧЕ Скопје.
“Во Македонија има се поразвиена индустрија со производи со одличен квалитет, а во Италија има развиена технологија за таа индустрија и сметаме дека е дојден моментот во Македонија да се работи  на подобрување на технолошките услови во кои можат се подобро да работат македонските фирми. Сметаме дека оваа индустрија  е многу важна бидејќи учествува со 3% од БДП на Македонија”, изјави Чинциа Бруно, директор на ИЧЕ во Скопје и во Софија.
Четирите присутни компании од Италија, потенцира Бруно, се водечки производители на технологија кои можат да ги приспособат своите производи на барањата и потребите на македонските прехранбени компании кои се уште се со мала и средна големина.
“Италија е трет партнер на Македонија во извозот на прехранбени производи,  што значи дека ги цени македонските прехранбени производи, важен момент во идејата да се воспостави соработка помеѓу овие две индустрии”, рече Бруно.
Според италијанскиот амбасадор во Скопје Масимо Белели, Италија е традиционално добар партнер на Македонија во сите сектори, а особено во земјоделскиот во кој има можности за уште поголема соработка.
Земјоделскиот сектор и прехрабената индустрија во Македонија, според Белели,  се одликуваат  со добар квалитет, но се уште постојат технологии и системи за преработка на прехранбени производи  кои не можат да одговарат на барањата на современите пазари.
“Овие ограничувања се среќаваат токму во македонската конзервна индустрија, понекогаш се случува  производи од јужна Македонија да не се присутни на пазарот во северните градови ако се работи за мали  дистанци или, пак, да не можат да се пласираат производи со подолг рок на траење, така што ние сакаме да одговориме токму на овие недостатоци или побарувања на македонската конзервна индустрија”, изјави амбасадорот Белели.
Сашо Ристески, директор на Здружението на производители од преработувачката индустрија, истакна дека тоа што Македонија е корисник на средства од ИПАРД програмата дава дополнителен стимул за можност за набавка на опрема за  преработка, вклучително и опрема која потекнува од Италија.
“Начелно треба да бидеме задоволни од она што го имаат нашите компании, бидејќи заедно со  опремата тие ги исполнуваат речиси сите стандарди за безбедност и квалитет на храна, но напредокот во технологијата, вклучително и на опремата за преработувачката индустрија е непрекинат и не треба да се залажуваме дека овој  момент треба да остане и во иднина, затоа што секогаш има многу поквалитетна и попродуктивна опрема која во секој случај носи  намалување на трошоците и  подобрување на профитабилноста на домашните фирми. Треба да се следи  се што случува со цел нашите компании и во иднина да бидат рамноправни со странските компании”, рече Ристовски.

За македонската преработувачка индустрија, истакна, оваа година е рекордна во однос на производството за разлика од минатата. Климатските услови беа одлични, имаше доволно суровина и тука и во регионот и мислам дека ќе имаме рекордно производство поголоемо од кога било досега, рече Ристовски.

Во Македонија има над 40 активни капацитети за преработка на овошје и зеленчук. Над 80%  од преработката на домашното овошје и зеленчук е за извоз. Главен пазар со над 50% е Европската унија,  каде е најголем германскиот. Втор пазар за пласман  е Србија, како и останатите држави од регионот, а одредени количини се пласираат и во прекуокеанските држави, Австралија, Канада, САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×