Македонската царина се дигитализира, од 2019 стартува со нов систем за обработка на царински декларации
Објавено на од во Економија

Царина 2Царинската управа го замени досегашниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (АСИКУДА) со нов систем за обработка (СОЦДАД). Со ова започнува дигитализација на царината, а за ова службите се подготвувале пет години.

„Новиот систем има за цел да ги замени царинските постапки што се базираат на хартија со електронски постапки. На тој начин ќе се создаде поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој. Со него треба да се поврзат сите постоечки дигитални системи во една интегрална целина и воведување на електронска царинска декларација за сите царински постапки во увозот и извозот, како и електронско поднесување и обработка на акцизни документи. Исто така, со овој систем ќе обезбедиме намалени трошоци за трговските трансакции, олеснето спроведување на договорите за слободна трговија, подобро управување и контрола.“

Ова е сам прв чекор во развојот на дигиталните решенија и услови за царината. Со примената на СОЦДАД царината ќе обезбеди дигитална платформа на која ќе може да ги темели дигиталните услуги. Со ова ќе се олесни работата на сите учесниците во царинската и надворешно-трговската постапка.

Примената на новиот систем започнува во првото тримесечје на 2019 година, целосна функционалност се очекува на средината на 2019.

„Ова меѓу другото ќе резултира и во поуспешна наплата на приходи, порационално искористување на ресурсите и поефикасна меѓународна трговска размена во која трговците електронски ќе разменуваат информации со Царината и останатите агенции учесници во царинската постапка“, велат од Царинската управа.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×