Македонски акционерски друштва вклучени во новиот регионален проект на ЕБОР за изготвување на инвестициски анализи
Објавено на од во Компании
Три акционерски друштва кои котираат на Македонска берза се избрани да учествуваат во проектот на ЕБОР што има за цел да ја зголеми јавната достапност на инвестициски анализи и со тоа да ја пополни информациската празнина од овој вид анализи за котираните компании во регионот. Првите инвестициски анализи за македонските компании се планирани за септември (Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје) и декември (НЛБ Банка АД Скопје).
Македонската берза и нејзините котирани друштва стануваат дел од овој значаен проект што ги опфаќа берзите во шест земји од регионот на Југоисточна Европа (Словенија, Хрватска, Романија, Србија, Бугарија и Северна Македонија). Македонскиот пазар на хартии од вредност, иако најмал во оваа група, доби три места. Според претходно утврдени критериуми и врз основа на индивидуално изјаснување на котираните компании во проектот се вклучени Алкалоид АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ банка АД Скопје. Сите три компании се составен дел од индексот МБИ10 што го пресметува Македонска берза.
 Во проектот учествуваатвкупно 20 компании котирани на берзите во споменатите шест држави според специфични критериуми утврдени од страна на консултантска куќа избрана од ЕБОР – WOOD & Company, инвестициска банка специјализирана за пазари во појавување. Критериумите за селекција вклучуваа редовно известување на англиски јазик, определена големина на приходите, доволен број на акции распространети во јавноста (free float), како и избраните компании да не се веќе предмет на вакви инвестициски анализи. Избраните компании потпишаа меморандум за соработка со локалните берзи.
investment-analysis
 “Недостатокот на систематска и континуирана инвестициска анализа на акционерските друштва што котираат на Македонска берза, вклучително и на нашите blue chip компании, дефинитивно претставува еден од главните предизвици со кои се соочува нашиот пазар. Ова, секако, е поврзано со прашањето за ефикасно формирање на пазарните цени, како и со атрактивноста на инструментите кои се тргуваат на нашиот пазар за домашните, а особено за странските инвеститори. Овој нов проект на ЕБОР, кој е еден од многуте што оваа институција го спроведува во регионот за што сме многу благодарни, преку обезбедување на лесно достапни инвестициски анализи и препораки, се очекува значително да го зголеми обемот на квалитетни информации за низа добри регионални котирани компании (вклучително и три македонски акционерски друштва),со низа позитивни развојни импликации од тоа за пазарите во целина. Улогата на Берзата во иднина ќе биде насочена кон поддршка на комуникацијата помеѓу избранитедомашни компании и консултантската куќа и дистрибуција на изготвените анализи за времетраење на проектот“, истакна Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонска берза.
 “Ни претставува особено задоволство што со овој проект даваме важен придонес во правец на проширување на основите за финансирање на избраните компании. Со ова всушност се докажува дека моќта е во знаењето. Малите и средни компании се клучни за благосостојбата на европската економија, а во услови на постоење на пандемија на корона вирус обезбедувањето на услови за нивно финасирање е позначајно од кога било“, истакна Hannes Takacs, вршител на должност директор на Local Currency and Capital Markets Development во ЕБОР.
 Програмата е финансирана од TaiwanBusiness EBRD Technical Cooperation Fund и не подразбира дополнителни финансиски трошоци за компаниите. Проектот ќе трае две години, до 2022 година, и ќе обезбеди бесплатни,јавно достапни инвестициски анализи за споменатите компании. Анализите ќе се објавуваат на специјално креиран веб портал од страна на СЕЕ Линк ДОО Скопје (https://listed-sme.com/en-GB).
 Првите инвестициски анализи за македонските компании се планирани за септември (Алкалоид АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје) и декември (НЛБ Банка АД Скопје).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×