Македонски хотели добија престижни награди за своите спа центри
Објавено на од во Компании

Хотелот Русија, ресортот  Аурора, Дебарски бањи Цапа, Хотел Изгрев, беа меѓу наградените на Balkan Spa Awards, одржани минатиот викенд во Скопје.

Македонија за прв пат беше организатор на доделувањето на наградите во организација на Spa Nominations, чиј што претседател е Николај Диковски од Бугарија.

Balkan Spa Awards

Во изборот за најдобрите спа локации учествуваа објекти од Македонија, Турција, Романија, Грција, Србија, Бугарија, Косово, и Албанија. Од земјава се натпреваруваа десет објекти што ги нудат овие услуги, Хотел Русија, Стоун Бриџ, Дебарски бањи, Катлановска бања, Спа центар Блус, Силуете, Аурора, Александар Вила, и  компаниите за дизајн и изведба на спа центри Пирин и Тренд лајн.

Изборот на најуспешните се вршеше во категориите: спа дестинација, спа хотел – зимски/летен ресорт, спа центар, спа изградба и опрема, медикал спа, спа менаџер, спа продукт и спа инвестиција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×