Македонски компјутерски услуги за Холивуд
Објавено на од во СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ

Kaprio-WEBКако тоа го прават домашните махери

Развивачи на апликации за мобилни телефони, креатори на видео игри, но и аниматори на визуелни ефекти за холивудските филмови – сето ова го има на македонскиот пазар за софтверски производи и услуги

 

На овогодинешните доделувања на Оскарите, во категоријата за најдобри визуелни ефекти во кандидатите за номинација за најголемата награда во индустријата, од 10 филмови кои беа на листата, македонската компанија за анимација и визуелни ефекти „FX3X“ работеше на 5: “Ant Man” ,”Avengers: Age of Ultron”, “The Martian”, “The Revenant” и “Tomorrowland”„. Останатите филмови на кои работеа во изминатава година се: Into The Woods, Jupiter Ascending Cindarrela, Furious 7, Terminator Genisys, Mission Impossible, Fantastic Four, Bond : Spectre, Mockinjay Part 2, Goosebumps, Victor Frankeinstain и Zoolander 2.

Многупати досега сме пишувале за оваа македонска компанија, која што иако не спаѓа буквално во редот на производители на софтвер, со своите услуги што и ги нуди на холивудската филмска индустрија претставува уникатен пример на извоз на македонски ум во светот.

Во 2011 се прогласени за Европски шампиони во претприемништво, и тим на професори од Универзитетот Американ Колеџ во соработка со своите ментори од Универзитетот во Кембриџ изработуваат показен пример (study case) за FX3X како пример за успешна компанија.

Во 2015 „FX3X“ се најде во академскиот учебник „Кршење на мраз на претприемачки начин – Процеси и студии на случај за успешни претприемачи од Централна и Источна Европа”, каде за првпат една македонска компанија се појавува како успешен пример за младите претприемачи од целиот свет. На иницијатива на Универзитетот Американ колеџ Скопје, ФХ3Х беше номиниран и прогласен за Европски шампион за претприемништво од Меѓународниот академски совет при Европска фондација за претприемачки развој во Варшава во 2011 година, заедно со уште 24 компании од Централна и Источна Европа.

„Во моментов сме 250 луѓе, до крајот на годината планираме да станеме 300. Како и да е имаме огромен прогрес, имаме фантастични луѓе кои работат овде, и интересни проекти. Во изминатата година работевме на 18 филмови, оваа година ветува барем исто толку, во моментов работиме и на две анимирани серии, исто така работиме како главна компанија на независно продуциран филм, кој се надеваме дека до крајот на мај ќе биде готов. Компанијата расте и горди сме на нашата работа и на работата на целиот тим„, вели Кристијан Даниловски, еден од основачите и менаџер на FX3X.

Видео игри made in Bitola

Во Македонија работат и многу софтверски компании кои што развиваат видео игри и мобилни апликации. Најчесто се од редот на микро и малите фирми, со по неколку програмери, но нивните амбиции се големи.

Камај Медиа од Битола е студио за развивање видео игри, основано во 2011 година, прво со еден вработен, сега се десетина програмери.

“Главен проект на нашето студио е видео играта ‘Sonder’, која што е иновативна во технолошка смисла и дефинира еден нов жанр на видео игри – каде што изборот што го прави главниот карактер има големо влијание врз приказната на играта и на нејзиниот конечен исход. Камај Медиа работи повеќе од три години на технологијата што овозможува изработка на ваква игра, но и на самата игра“, вели Петар Котевски, основачот на компанијата.

Играта ја претставиле на повеќе странски саеми досега и имале доста преговори со потенцијални партнери од САД, Британија и Шведска. Бидејќи се работи за исклучиво иновативна идеја, како што вели Котевски, за која што досега нема пример на пазарот, и бидејќи нивното студио е стартап кој оперира од Македонија – не успеале да договорат голем повеќегодишен проект.

“Затоа ние се префокусиравме на епизоден формат на издавање на играта, во 6 епизоди од 20 минути. Парите што ги добивме од Фондот за иновации ќе ни помогнат да ги доведеме првите две епизоди до странскиот дигитален пазар, односно за оперативни трошоци на студиото, посета на саеми и промоција на продуктот“, објаснува Котевски.

Нивниот план е да ја пораснат фирмата до еден пристоен тим за изработка на висококвалитетни игри за компјутери и играчки конзоли. Таквиот тим брои околу 70-тина луѓе.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×