Македонски министри ќе учат за швајцарскиот модел на учење преку работа
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбер Адеми престојуваат во работна посета  на Швајцарија каде се запознаваат со швајцарските искуства за стручно образование и обука.
владинаКако што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, за време на работната посета во Берн, што се реализира на покана на Владата на Швајцарија, тие ќе се сретнат со Мартина Хирајама, државен секретар за образование, истражувања и иновации и со заменик државниот секретар за надворешни работи Кристина Марти Ланг.
Владината делегација ќе има можности да се запознае со швајцарскиот модел на учење преку работа за време на презентации кои ќе бидат извршени од стручни лица во Државниот секретаријат за истражувања и иновации во образованието, Швајцарската конференција на кантонски министри за образование и Швајцарското здружение на машински и електротехнички индустрии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×