Македонски Телеком отвори инкубатор за дигитални таленти
Објавено на од во Компании

Тим од студенти ќе развива апликации за дигитализација и истовремено ќе го развиваат својот професионален потенцијал. 

incubator7

 

 

 

 

Македонски Телеком отвориинкубатор за дигитални таленти, составен од тим од студенти кои ќе работат на развивање на апликации за дигитална трансформација. Освен за дигитализирање на процесите на Телеком, тимот ќе работи и на други иновативни апликации, кои ќе имаат за крајна цел – дигитализација на општеството.

Студентите, кои доаѓаат од областа на ИТ,телекомуникациите и е-бизнисот се избрани од ФЕИТ, ФИНКИ и Економскиот факултет. На почетокот тимот ќе се состои од дваесетина студенти, бројка, која со тек на време ќе расте.Најдобрите ќе имаат можност да се вработат и да стекнат интернационално искуство од најдобрата телекомуникациска компанија во земјата. Македонски Телеком гледа на дигиталната трансформација како на континуирано патување во кое ќе ги вклучи и младите луѓе кои ги следат најновите трендови и кои ќе понудат иновативни решенија.

„Ништо не може да го смени толку темелно нашиот живот како процесот на дигитализација.  А ние во Телеком сме многу сериозни кога велиме дека сакаме да сме лидер во тој процес. Ова ново партнерство е ‘win win’ комбинација за двете страни – ние како корпорација добиваме свежи и нови идеи, а студентите стратешки партнер за развој на нивните идеи ипрофесионален потенцијал. Работиме на откривање и изградба на професионалци и ги охрабруваме на иновативен пристап во работењето, а ваквиот  бизнис модел очекуваме да донесе позитивни резултати и тоа многу скоро –  изјави Андреас Елснер, главниот извршен директор на Македонски Телеком“.

incubator10

Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Андреас Елснер со поддршка за младиот тим на инкубаторот

 

Апликациите кои ќе ги создаваат студентите треба да придонесат најпрво кон поедноставување на работните процеси во Телеком, а се очекува со тек на време, со ваквиот начин на работа  да се трансформираат и продуктите и услугите на компанијата.

За новиот тим Телеком опреми простории по теркот на светските технолошки гиганти, за да имаат инспиративни услови за работа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×