Македонски телеком со помали приходи и оперативна добивка лани
Објавено на од во Компании

Намалени приходите од фиксна и мобилна телефонија, зголемена заработка од продажба на опрема и ИТ услуги

 

Приходите на Македонски Телеком минатата година се намалиле за 3,5% во споредба со 2014-та, и изнесуваат 172,6 милиони евра, покажува неревидираниот финансиски извештај на компанијата објавен денес.

Telekom

Вкупната нето добивка на крајот од 2015 година изнесува 20,2 милиони евра и е зголемена за 41,2% во споредба со истиот период од претходната година, заради тоа што компанијата платила многу поголем данок од добивка за 2014 година (15,5 милиони евра), одошто за 2015 –та (2,9 милиони евра). Тоа е заради промените во даночната регулатива, а поврзано со даночењето на дивидендите од претходните години. Оперативната добивка на компанијата, односно добивката пред оданочување  во 2015 година изнесува 23,1 милиони евра и е за 22,6% помала во однос на 2014 година.

Гледано по бизнис сегментите, на пазарот за фиксна телефонија Македонски Телеком ја држи водечката позиција со 62% (интерна проценка), односно 225 илјади корисници, но приходите во овој сегмент се намалени за 12% во споредба со 2014-та, заради намалениот број на корисници на фиксна телефонија и намален појдовен и дојдовен сообраќај.

Паѓаат приходите од говорни мобилни услуги, растат од мобилен интернет

Во мобилната телефонија, компанијата има пазарен удел од 47,3% (интерна проценка) и базата на претплатници на крајот од 2015-та изнесува 1,23 милиони што е пораст од 2,7%. Приходите од говорни мобили услуги лани се намалени за 11,2%, како резултат на поевтинување на тарифите.
Трендот на зголемено користење на мобилните услуги продолжи при што се повеќе и повеќе минути се опфаќаат во пакетите за истата цена, објаснуваат од компанијата.

Пазарниот удел во широкопојасен интернет е 49.3%, а базата на DSL корисници е непроменета и изнесува 190 илјади. Во однос на ТВ пазарот, Македонски телеком има најголем удел од 24,3% (интерна проценка) , а бројот на корисници на IPTV  услугата пораснал за 5,3% во споредба со 2014-та и изнесува 103,4 илјади.

Приходите од неговорни услуги се зголемија за 7,5% во споредба со 2014 година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем GPRS сообраќај и зголеменото користење на податочни тарифни модели делумно компензирани од намалените приходи од малопродажни и роаминг СМС пораки поради помалиот број на испратени СМС пораки. Македонски телеком има и помали приходи од GPRS во роаминг што се должи на новите прописи од Агенцијата за електронски комуникации во однос на користењето на GPRS во роаминг – роаминг во рамки на Балканските земји (нови цени од јули 2015) што овозможуваат пониски цени помеѓу Балканските земји и можност за забрана за услуги после потрошени 1,000 денари во податочниот роаминг.

Раст на приходи од ИТ услуги за 145%

Приходите од продажбата на опрема на крајот од 2015 година се зголемија за 8,6% во споредба со претходната година, што главно е придвижено од поголемата просечна продажна цена на мобилни апарати делумно компензирано со пониската продажба на додатоци и друга опрема во фиксниот сегмент. Приходите од системска интеграција и ИТ услуги на крајот од 2015 година се зголемија за 145% во споредба со претходната година, поради зголемените приходи од ИКТ проекти, Cloud Computing услугите и други интегрирани решенија за бизнис корисници. Треба да се нагласи дека во најголем дел зголемените приходи произлегуваат од проектот со Јавното Сообраќајно Претпријатие.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×