Македонски телеком со раст од 5,1% на нето добивката во првиот квартал годинава
Објавено на од во Економија
Нето добивката на телекомуникациската компанија Македонски телеком во првиот квартал годинава бележи раст од 5,1%.
Makedonski-TelekomПриходите од продажба  се зголемени за 0,7% и изнесуваат 2.519 милиони денари, а оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) на крајот од првите три месеци од годинава е намалена за 0,8 отсто во споредба со претходната година, соопшти денеска Македонски телеком.
Во првите три месеци од годинава компанијата го зголемила и уделот на претплатници на мобилна телефонија за 1,2% и нивниот вкупен број изнесува 1.188.000, додека 49,6% е уделот на пазарот на мобилната телефонија, според интерна проценка. Приходите од мобилни неговорни услуги на крајот на првиот квартал од оваа година се зголемени за 10,8% во споредба со претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен интернет и поголем GPRS сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.
Од МТ информираат дека бележат зголемување за 2,8% на приходите од малопродажен интернет. На крајот на првиот квартал имаат пораст на корисниците на широкопојасен интернет за 5,2%, а нивниот вкупен број изнесува 197,5 илјади. Приходите од дигиталната телевизија пак, се зголемени за 14,4%. Регистрираат и пораст од 9,4 отсто на IPTV корисниците  и за 8,3 % на семејствата покриени со оптика спредено со истиот период од минатата година.
„Позитивен тренд е присутен во повеќе сегменти од нашето работење. Имаме зголемување на бројот на претплатници на широкопојасен интернет, на IPTV корисниците, континиурано ја шириме и оптичката мрежа со што обезбедуваме пристап до врвна технологија и супер брз интернет. Во наредниот период ќе се фокусираме на конвергентните услуги и ќе настојуваме оптичката мрежа да стане достапна за поголем број на граѓани на државата. Остануваме посветени на подобрување на инфраструктурата како основа за развој на новите технологии и услуги, наведеува во пишана изјаваи главниот извршен директор на Македонски Телеком“, Никола Љушев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×