Македонскиот извоз во Косово во декември зголемен за 54%: Кој има најголем ќар од косовските царини за српските производи?
Објавено на од во Економија

Извозот на Македонија во Косово во декември е зголемен за 54,3% во споредба со истиот месец минатата година. Во декември минатата година во Косово биле извезени производи во вредност од 22 милиони евра, во споредба со извозот од 14 милиони евра во декември 2017 година.
Косово

Најголем извоз на Косово минатата година е направен со продажба на нафтени деривати кои достигна 49 милиони евра, што е годишен раст од 42%. Втор најголем извоз од Македонија во Косово минатата година бил железо и челик во вредност од 29 милиони евра, кој бележи раст од 32,6% за една година.
Најголем раст кај македонскиот извоз во Косово минатата година има кај извозот на брашно од пченица, кое во 2018 година достигна вредност од 670 илјади евра, во споредба со извозот од 14 илјади евра во претходната 2017 година. Извозот на мелнички производи е зголемен тројно, од 200 илјади евра во 2017 на 850 илјади евра во 2018 година. Голем раст од 54% има и кај извозот на безалкохолни пијалаци, извозот на вино е зголемен за 64% за една година, извозот на преработки од месо на косовскиот пазар лани се зголемил за 25%.

Царините од 100% кои Косово ги воведе за производите кои се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина се на сила веќе 100 дена и ако се анализира извозот на Македонија за целиот овој период тој е зголемен за 32%. Имено во октомври, ноември и декември Македонија извезла на Косово производи во вредност од 66,5 милиони евра во споредба со извозот од 50 милиони евра направен во последните три месеци од 2017 година.

И додека Македонија успева да заработи од царините кои ги воведе Косово, Србија за овие три месеци изгубила 100 милиони евра. Имено во декември 2018 година Србија имала извоз на Косово од само 5,3 милиони евра, додека истиот месец во 2017 година пред воведувањето на царините српскиот извоз изнесувал дури 46,7 милиони евра. БиХ досега има изгубено 20 милиони од царините за извоз на Косово.

Според информациите од косовската царина, производите од Србија се заменети најмногу со  производи од Албанија, Северна Македонија, но и други држави, како што е случајот со Канада, од каде сега се увезува најголем дел од пченицата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×