Македонскиот извоз во Русија лани намален за 35%, најголем пад кај извозот на домати и зеленчук  
Објавено на од во Економија

Извозот на македонски производи во Русија во минатата 2018 година изнесува 31 милион евра и во споредба со претходната 2017 година е намален за 35%. Имено, во 2017 година во Русија биле извезени македонски производи во вредност од 47,8 милиони евра.
Извоз на зелка

Најголем извоз во Русија лани е направен со извозот на овошје во вредност од 11,3 милиони евра, кој за една година бележи раст од 2,96%.
Втора најголема извозна ставка во Русија минатата година биле лековите чиј извоз лани изнесувал 9,22 милиони евра и е намален за 21,3% во споредба со претходната година.
Трета најголема извозна ставка во Русија е зеленчукот чиј извоз лани е намален за 53,95%.Имано лани во Русија бил направен извоз на зеленчук во вредност од 4,9 милиони евра во споредба со извозот од 10,68 милиони евра во 2017 година.
Лани во Русија биле извезени домати во вредност од 3,7 милиони евра, што е намалување за 50,06% во споредба со 2017 година. Извозот на зелка, пак, на рускиот пазар лани е намален за близу 70%, од извозот во вредност од 1,9 милиони евра во 2017 година на 574 илјади евра лани.

Големо намалување лани има и кај извозот на цигари, додека извозот на суров тутун е зголмен од 580 илјади евра во 2017 година на 1,4 милиони евра во 2018 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×