Македонскиот лизинг пазар со голем пад
Објавено на од во луѓе и компании

car-leasingОд “златната“ 2008 до сега 3,5 пати е помала вредноста на склучените лизинг договори

Во 2008 година, која што е рекордна за лизинг пазарот, биле направени над 3.500 договори за лизинг (возила, опрема , машини) во вредност од 70 милиони евра, додека во 2014 година, биле склучени само 1.100 договори за лизинг на возила, вредни околу 20 милиони евра. Вкупните приходи пак,  на лизинг компаниите изнесуваат околу 31 милион евра. За 2015 година с$ уште ги немаме на располагање годишните финансиски извештаи на лизинг компаниите, но бројката веројатно ќе биде уште помала, затоа што три компании, НЛБ Лизинг, Хета Ассет Резолушн (поранешна Хипо Алпе Лизинг)  и Еуролизинг подолго  време не склучуваат повеќе нови договори.

 

Пазарот за лизинг услуги во Македонија доживува промени изминативе неколку години – најстарите играчи пополека заминуваат од сцената, а приматот го зедоа нови, додека секторот лизинг сè повеќе ја губи и онака малата улога и значење за домашната економска активност (0,8% во БДП). Ова го  покажува и последниот годишен извештај  за финансиската стабилност што го објавува Народната банка, а обемот на работењето на овој сектор се намалува во последните три години.

Во 2008 година, која што е рекордна за лизинг пазарот, биле направени над 3.500 договори за лизинг (возила, опрема , машини) во вредност од 70 милиони евра, а потоа заради влијанието на светската финансиска криза, лизинг пазарот почна да паѓа: во 2009 “тежеше“ 43 милиони евра, во 2010 околу 28 милиони евра додека во 2014 година, биле склучени само 1.100 договори за лизинг на возила, вредни околу 20 милиони евра. Вкупните приходи пак,  на лизинг компаниите изнесуваат околу 31 милион евра. За 2015 година с$ уште ги немаме на располагање годишните финансиски извештаи на повеќето лизинг компании, но бројката веројатно ќе биде уште помала, затоа што три компании, НЛБ Лизинг, Хета Ассет Резолушн и Еуролизинг извесно време не склучуваат повеќе нови договори, туку само ги одработуваат веќе склучените.

По Хипо Алпе Лизинг и Еуролизинг, и НЛБ Лизинг го напушта пазарот

НЛБ Лизинг, која што е прва и своевремено најголема лизинг компанија во земјава, од 2015 година веќе не склучува нови договори, заради одлуката на словенечката групација НЛБ, компанија мајка на НЛБ Лизинг, во рамки на нејзиното реструктуирање  да ги прогласи за нестратешки бизниси своите лизинг друштва во Словенија и регионот и следствено, да ги стопира нивните операции.

Од пред неколку години договори престана да прави и Хипо Алпе Адриа Лизинг, која што како дел од  австриската Хипо Алпе групација почна со лизинг во Македонија на почетокот од 2007 година, но кон средината на 2009 групацијата западна во проблеми, и следната година нејзината компанија – ќерка воземјава го прекина склучувањето на нови договори. Неколку години подоцна, поточно во март лани,  Хипо Алпе Адриа Лизинг Скопје го промени името во HETA Asset Resolution Leasing. Ребрендирањето е како резултат на одлука на групацијата Хипо Алпе Адриа донесена во 2014 година.

Тоа значи дека  канцелариите на групацијата во Југоисточниот блок на Европа, во кои спаѓа и Хипо Алпе Адриа Лизинг Скопје, официјално го променија својот оперативен бизнис модел преминувајќи од лизинг финансирање во ремаркетинг и продажба на финансираното портфолио од претходните оперативни години. Ова бизнис реструктуирање предизвика и ребрендирање и промена на името на компанијата во HETA Asset Resolution AG. Приходите на HETA Asset во 2014 година изнесувале 2,33 милиони евра, што е за 15,5% помалку во однос на годината претходно.

Банките се силна конкуренција на лизингот

Престанувањето на склучување нови договори на овие компании, т.е. нивно згаснување за некоја година, уште повеќе ќе направи удар врз лизинг пазарот, особено врз делот на оперативниот лизинг со опрема и машини. И НЛБ Лизинг и Хипо Алпе Лизинг во своето портфолио  имаа околу 20-30% учество на лизинг со опрема, покрај доминантниот удел на лизингот на возила. Сега на пазарот останува доминантен играч Порше Лизинг, кој што се занимава исклучиво со лизинг на возила,  и С – Лизинг, која што нуди и лизинг на опрема и машини. Останатите помали компании се занимаваат исклучиво со лизинг на возила, а е компанија ќерка на Шпаркасе групацијата од Австрија, која што е сопственик и на Шпаркасе банка во земјава.

“Ако гледате само како број на лизинг компании кои оперираат на македонскиот пазар може да извлечете заклучок дека има простор за дополнителна конкуренција“, вели Марјан Манчев, директор на С-Лизинг, во неодамнешно интервју што го пренесоа повеќе домашни медиуми.

“Но,  С-Лизинг работи во сегментите на бизнисот каде се конкурира со деловните банки, и тоа со оние кои имаат најатрактивни понуди. На нашиот пазар не постои некој сегмент кој банките не го таргетираат и кој би можел да биде цел само на лизинг компаниите. Напротив, високата ликвидност и малиот број на квалитетни проекти ги тера банките да оперираат во сите сегменти, со што ни претставуваат и нас силна конкуренција.“, вели Манчев.

Лизингот за опрема недоволно се разви, а за недвижности пак,  воопшто

Лизингот е  релативно млад производ во македонскиот финансиски систем, кој профункционира пред 15 –тина години.  Во овој период тој беше најприфатлив за граѓаните за купување нови автомобили. Тој остана недоволно развиен во другите сегменти, како што е одобрувањето финансиска поддршка за набавка на опрема и машини, зашто остана проблемот со гаранцијата за одобрените заеми за малите и за средните фирми. Најчесто побаруваа средства луѓе – почетници во бизнисот, кои немаа други средства да гарантираат за одобрениот лизинг. Самата машина или опрема не можеше да биде земена за гаранција, бидејќи тоа е специфична и за одредена намена, која тешко може да му се продаде на друго лице во случај на одземање поради нередовно исполнување на обврските кон лизинг – компанијата. Во  прометот со недвижности, а особено на купување станови, лизингот воопшто и не почна.

Причината што лизингот на недвижности за физички лица е неатрактивен се големите даночни оптоварувања, коментираат упатените во лизинг индустријата.

Тие објаснуваат дека секоја купопродажба на недвижен имот подлежи на оданочување, т.е. плаќање данок на промет на недвижен имот, а поради природата на лизингот, во таа зделка се случуваат две купопродажби – еднаш кога лизинг-компанијата ја купува недвижноста со цел да се даде на лизинг и вторпат кога ќе се исплати договорот и кога сопственоста на недвижноста ќе се пренесе на корисникот на лизинг.Во согласност со тоа се плаќа два пати данок на промет на недвижност и данок на додадена вредност. Правните лица можат да извршат поврат на ДДВ, но физичките не можат и тоа дополнително ја прави целата зделка неатрактивна.

 


Порше лизинг држи половина од лизинг пазарот

Според регистарот на лизинг компании објавен на сајтот на Министерството за финансии, во моментов има осум регистрирани  лизинг компании на домашниот пазар, од кои што само четири  се активни, односно склучуваат договори со клиенти, додека за една компанија не располагаме со податоци со што конкретно се занимава .

Најголема според приходите е Порше лизинг, со приходи од 14,5 милиони евра во 2014 година, безмалку половина од вкупниот приход на сите лизинг компании, која што ги работи возилата од програмата на автодилерот  Порше Македонија, односно Фолксваген, Ауди, Сеат, Порше  и Шкода. Втора по големина е С – Лизинг, со 8,6 милиони евра приходи во 2014, за 49% повеќе од годината претходно. Трета е НЛБ Лизинг, со 3,7 милиони евра приходи, што е пад од 54% во однос на 2013.

На пазарот се активни и Евролиз Ауто, компанија основана од Еврохолд Софија, која што е сопственик и на Евроинс осигурување, како и Мастер лизинг,  компанија ќерка на дилерот на автомобилите Мерцедес и Мицубиши во земјава, Мак Аутостар, која што ги нуди на лизинг возилата од нивната програма, како и брендовите Џип, Крајлсер, Доџ и Сетра.

Lizing-kompanii-01*Приходите се за 2014 година. Со податоците за 2015-та се уште не располагаме.
**НЛБ Лизинг, Хета Ассет и Еуролизинг престанаа со склучување нови договори, и досега само го расчистуваат сопственото портфолио.
Извор: www.biznismreza.mk

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×