Македонскиот стартап Singular доби престижна меѓународна награда
Објавено на од во Start-up
Singular (singular.uk), софтверска компанија со канцаларии во Скопје се здоби со признание за најдобар iGaming провајдер на мулти платформски софтвер, со што стана прва македонска компанија што добила меѓународна награда за мултиплатформско софтверско решение. 
 Malta Gaming Awards (4)
Изминатата недела во Малта, еден од најголемите iGaming хабови на светско ниво, се одржа глобална iGaming недела. Singular имаше можност да го претстави своето ново иновативно решение за спортско кладење кое го привлече вниманието на експертите и водечките оператори на светско ниво.
 Компанијата со своjot софтвер веќе неколку пати беше номинирана во повеќе категории на бројни iGaming манифестации. Меѓутоа, оваа година, тимот за прв пат донесе дома награда во категоријата „Провајдер на годината за мулти платформскo решение”. 
 Да се добие признание од ваков ранг, особено во вака компетититвна индустрија е навистина голем успех за тимот. Се радувам што индустријата го препознава кавлитетот и знае да го најгради трудот кој секојдневно се вложува. – Дарко Гацов, еден од основачите на Singular и Директор на канцаларијата во Скопје.
 Malta Gaming Awards се одржуав веќе шестта година по ред каде комисија составена од 18 судии со долгогодишно искуство во iGaming секторот го оценуваат секое номинирано решение врз основа на неговата иновативност, моќност и адаптибилността на различните локални потреби, како и комерцијалниот успех што го има постигнато самата компанија со тој производ.
Sigma Awards banner
 Конкретната категорија ја нагласува флексибилноста на решението да обезбеди подеднакво добро корисничко искуство преку дигиталните и физичките канали при тоа овозможувајќи високо ниво на персонализација.
 Singular е една од IT компаниите во Македонија што развива производ од сам почеток до крај.  Софтверот за спортско кладење е целосно изработен од страна на тимот во Скопје почнувајќи од R&D процесите,  развој на производот, и тестирање па се до финалната испорака и пост-продукциско одржување. Повеќе информации на singular.uk или careers.singular.uk.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×