Македонските колбаси и салами ќе станат поконкурентни
Објавено на од во луѓе и компании

16m1Владата ги послуша преработувачите на месо: се укинува царината за увоз на суровина

Она што го побараа преработувачите на месо пред месец и половина од вицепремиерот Кочо Анѓушев и ресорниот министер Љупчо Николовски на тркалезната маса организирана од Капитал веќе ги дава првите резултати.  Компаниите  очекуваат укинувањето на царината за смрзнатото месо наменето за преработка да почне да важи веќе од 1 октомври. После 12 месеци ќе се направи анализа за влијанието на мерката врз пазарот на месо и преработки од месо. Ослободувањето од царина за смрзнатото месо наменето исклучиво за преработка се очекува да донесе поголемо производство и извоз на преработки од месо, нови вработувања, поголеми плати и ефекти за буџетот преку повеќе уплатени давачки и сл.

 

 

Во период од една година увозот на замрзнато свинско месо наменето за натамошна преработка ќе биде ослободено од царинска давачка откако ќе се прифати предлог одлуката изработена од Владата, поточно од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Владата ја изработи оваа предлог одлука на барање на Групацијата на преработувачи на месо и производство на преработки од месо, како и Групацијата за производство на свинско месо при Стопанската комора на Македонија, заради, како што велат оттаму, стимулирање на домашното производство на месни преработки и извозот, но и заштита на производителите на свежо месо. За проблемите на преработувачите на месо беше впрочем дискутирано и на неодамнешната тркалезна маса организирана токму од Капитал Медиа Груп, на која што покрај сопствениците на најголемите фабрики за месни преработки во земјава, присуствуваа и вицепремиерот Анѓушев и министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски.

“Долго време баравме од државата да донесе мерки за заштита на домашното производство на месни преработки од нелојалната конкуренција од увоз. Во Македонија се увезуваат месни преработки без царина, заради договорите за слободна трговија што ги има потпишано државата, но постои висока царина за замрзнатото свинско месо, коешто најмногу го употребуваме ние преработувачите како суровина. Со тоа станавме неконкурентни на домашниот и странските пазари заради поскапеното производство. Со новата мерка  очекуваме зголемено домашно производство на трајни и полутрајни месни преработки за 16.000 тони веќе до крајот на оваа година, или за 30% повеќе во однос на минатата, како и пораст на извозот за 10%“, рече  Влатко Ѓорѓиевски, директор и сопственик на месната индустрија МИК од Свети Николе, претставник на Групацијата на производители на месни преработки на прес конференцијата при претставувањето на новата мерка пред неколку денови. Тој додаде дека користа од примената на мерката ќе ја имаат како домашните компании, така и крајните потрошувачи преку квалитетните производи и пониските цени.

18mЌе се заштитат и  домашните производители на свежо месо

“Во отсуство на бараната мерка, позитивните движења во оваа индустрија секојдневно добиваатнегативна насока, пред с$ поради повисокиот степен на либерализација со ЕУ, каде се добро познати системските мерки за поддршка на домашните фармери и извозни рефундации, како целосната либерализација со Србија и со Црна Гора, кои покрај производните субвенции имаат и извозни стимулации“, објаснува Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.

Тој објаснува дека предлог одлуката доставена од страна на Владата предвидува ослободување од царинската давачка за замрзнато свинско месо за регистрирани преработувачи на месо и производители на сувомеснати преработки кои преработуваат во сопствени објекти.

“За таа цел, компаниите се должни да дадат банкарска гаранција во износ од вредноста на царинската давачка на суровината која се увезува, а ќе се отчитуваат преку предадениот готов производ. Инструментот за контрола од страна на надлежните институции компаниите го прифаќаат во целост, а готовото решение изготвено од страна на Царинската Управа, компаниите ќе го имплементираат на свој трошок. Дванаесет месеци од денот на донесување на одлуката е периодот на важност на истата по што би се направила анализа за влијанието на мерката врз пазарот на месо и преработки од месо.“, велат од Групацијата на преработувачи на месо. Со тоа, велат тие, ќе се гарантира заштитата на домашните производители на свежо месо, односно ќе се превенираат злоупотребите на увезеното смрзнато месо без царина и негово пуштање во продажба како свежо за консумација.


Голем потенцијал на преработувачката индустрија за месо

Според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, во земјава  се регистрирани 50 објекти за преработка на месо, од кои 12 веќе не работат. Од 38-те капацитети кои с$ уште работат, 15 капацитети се регистрирани за производство на полутрајни и трајни производи со капацитет од 45.000 тони на годишно ниво/работа во една смена.

Со преработка на 11.500 тони месо минатата година, од можниот капацитет за производство на полутрајни и трајни преработки од месо  кај членките на Групацијата на преработувачи на месо, се користи само 28%. Од вкупно преработената количина на месо само 1.700 тони, или само 15% е од домашно потекло, односно месо од домицилните производители. Останатото е од увоз, покажуваат податоците на Стопанската комора. Комерцијалните потреби од полутрајни и трајни преработки на месо  годишно изнесуваат околу 17.000 тони, кои од домашното производство се подмируваат со 65%, а 35% од увоз, при што се увезуваат околу 6.000 тони.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×