Македонските компании и држењето на трошоците под контрола
Објавено на од во луѓе и компании

859-GLavna-za-kratenje-trosoci-WEBКако да станете управувачи, а не “секачи“ на трошоци

Кратењето на трошоците најчесто е во фокусот на бизнисмените дури откако работата ќе тргне на лошо. Но, не смее да биде така, велат бизнис консултантите. Со трошоците треба да се управува постојано, а особено во добрите времиња. Тогаш се создаваат резервите за “црни денови“, а тоа е овозможено со контролингот на трошоците.

 

Бавното закрепнување на светската економија и намалените нарачки од странство минатата година, предизвикаа тежок амбиент за македонските извозници, односно намалување на нивните приходи од продажба. Помалите нарачки носат и помали трошоци за набавка на суровини и репроматеријали, што се виде на расходната страна на компаниите, односно нивното намалување во 2015 беше карактеристично за добар дел од нив, барем според она што можевме да се види од нивните годишни биланси доставени до Берзата. Со цел да извадат што подобар резултат на крајот, компаниите мораат да менаџираат и со останатите трошоци како знаат и умеат. Тоа неретко значи и дополнително инвестирање, со цел на среден и долг рок да донесе поголема ефикасност и заштеди. Кратењето на трошоците најчесто е во фокусот на бизнисмените дури откако работата ќе тргне на лошо. Но, не смее да биде така, велат бизнис консултантите. Со трошоците треба да се управува постојано, а особено во добрите времиња. Тогаш се создаваат резервите за “црни денови“, а тоа е овозможено со контролингот на трошоците. Компаниите, за жал, се уште се претежно фокусирани на линеарното намалување на трошоците и штедат на погрешни сегменти. Фокусот би требало да биде на трошоците на калкулација, односно цената на чинење на производите. Да погледнеме како неколку македонски компании, извозници, но и оние што работат претежно на домашен пазар, се справуваат со трошоците во време на намалени продажби.

Примери од македонските компании

Производителот на челик Макстил, на пример, презеде неколку чекори: целосна реконструкција на електролачната печка заради поефикасен производен процес, подобрување на енергетската ефикасност, компензација на реактивната електрична енергија во погонот Валавница, инсталирање на автоматски секатор, итн.

Заради бавното закрепнување на светската економија, фирмата лани имала намалени приходи од продажба за 18%, додека расходите од редовното работење се намалени за 21%. “Драматичните нарушувања на пазарните прилики резултираат со дисконтинуирано производство со сите последици врз трошоците на работењето (особено фиксните) заради намалената побарувачка и падот на продажните цени“, објаснуваат од компанијата.


Компаниите, за жал, се уште се претежно фокусирани на линеарното намалување на трошоците и штедат на погрешни сегменти. Фокусот би требало да биде на трошоците на калкулација, односно цената на чинење на производите.


Скопски пазар пак, имал намалени приходи од редовното работење за 27%, како што образложи компанијата, заради општата економска состојба, деловното окружување и нелојалната конкуренција. Истовремено, компанијата ги намалила расходите за 29%, благодарение на “економичното работење и засилената контрола на трошоците“. Од Скопски пазар објаснуваат дека примениле концепт „профитни деловни единици“ со што го засилиле “притисокот за остварување на оптимален промет со воспоставени превентивно / детективни мерки за контрола на расходите по сите основи“.

МЗТ Пумпи од Скопје во отежнати услови за бизнис извршила измени во нормалниот режим на работење со воведување мали производни кампањи, со цел да ги рационализира трошоците. Вкупните расходи на фирмата лани се намалени за 23%, а приходите од продажба успеала да ги зголеми за 10%.

Фершпед лани исто така ги намалил расходите, за 15%, односно, оперативните расходи за 19%, но во услови кога се намалиле приходите од работењето за 16%. Компанијата вели дека годинава очекува раст на оперативните приходи за 3,8%, а кај расходите за 3,8%. “Заложба на друштвото е намалување на трошоците до моментот кога не би се загрозил квалитетот на работењето, но не и на оние трошоци кои се директно поврзани со обемот на работење. Тоа треба да доведе до раст на оперативната добивка од 18,5%“, се вели во бизнис планот на Фершпед за 2016 година.

Кратењето на трошоците не смее да го загрози квалитетот на работењето

Иако во тешки времиња фирмите гледаат да скратат сe што може да се скрати, кога приходите паѓаат има граница над која веќе и не може повеќе да се крати, како што вели финансискиот консултант и даночен советник Павле Гацов од ПроАгенс.

“Во билансите на македонските компании најголема трошочна ставка се платите. Кај компаниите со значителен машински парк, опрема и сл., има и амортизација. Цената на чинење на производите, односно набавната вредност на суровините и репроматеријалите се пренесува на крајниот купувач. Каде да штедат компаниите? Платите не може да ги намалат, и онака голем број од индустриските компании даваа минимална плата, така што и законски не смеат да одат подолу.“, вели Гацов.

Тој додава дека агресивното кратење на трошоците, т.н. “cost killing“ стана карактеристично за западните компании откако почна големата финансиска криза пред 8 години, но голем број економисти го нападнаа тој режим затоа што носи краткорочни резултати.


Кратењето на трошоците треба да е постојан процес. Ниту аутсорсирањето, ниту работењето без залихи, ниту било кои мерки, не треба да се резултат на работењето само во кризен период. Кризите само го забрзуваат процесот на донесување одлуки за непопуларни мерки за штедење.


“На крајот треба да кажеш: кратевме трошоци, но што постигнавме со тоа? Во компанијата може да кратиш трошоци што ќе направат ефект на краток или среден рок… на пример, нема да поправиме некоја машина годинава. Тоа ли е економија? Ќе го ставиме тоа во билансот, но дали е тоа критериум дека сме успешни? И како тоа ќе се одрази врз квалитетот на нашите производи? Исто така, не може да кратиме до ниво на апсурд – на пример, може да скратиме трошоци за хартија ако сме преминале на електронско работење со документи, но да штедиме на тонери со тоа што ќе печатиме од двете страни на листот, а се работи за јавни документи и сл., тоа е веќе неразумно“, објаснува Гацов.

Фиксните трошоци и залихите – најголем проблем

Како најчести проблеми на домашните компании, од консултантската пракса, се истакнуваат менаџирањето со фиксните трошоци и залихите. Во време на криза потребно е да се кратат првенствено оние трошоци кои имаат мало или никакво влијание врз квалитетот на производот или услугата. Најчесто на тапет се т.н. *non core или несуштински сектори од компанијата. “Простор за понатамошно кратење на трошоците има секогаш, па доколку некоја компанија смета дека ги презела сите мерки, следен чекор може да биде спојување со компанија од истата или компатибилна дејност, при што извесно е да се очекува дополнително намалување на фиксните трошоци. Како додадена вредност за новата компанија би била зголемената конкурентска предност, можност за полесно пребродување на кризниот период, секако и подобар кредитен рејтинг“, сметаат консултантите.

Кратењето на трошоците треба да е постојан процес. Ниту аутсорсирањето, ниту работењето без залихи, ниту било кои мерки, не треба да се резултат на работењето само во кризен период. Кризите само го забрзуваат процесот на донесување одлуки за непопуларни мерки за штедење. По брзите резови што помагаат да се преживее, треба да следат кратења на трошоци што носат зголемена ефикасност и конкурентност

Ако на компаниите им падне продажбата за повеќе од 20%, мора да ги идентификуваат најголемите извори на неефикасноста во продажбата и маркетингот, па и да ги отпуштат продавачите со најслаби резултати, да ги стопираат промотивните активности што не се ориентирани на краткорочна продажба, но и под итно да почнат да преговараат за заштеда во договорите со маркетиншките агенции и агенциите за истражување на пазарот.

Во секој случај, управувањето со трошоците, треба да почне од топ менаџментот, советуваат и светските консултантски куќи, како McKinsey. Тие мора да го пренесуваат на вработените.

“Психолошки гледано, поимот ‘намалување на трошоци’, веројатно лошо ќе влијае на моралот на вработените, што на крајот на денот може и да не донесе позитивни ефекти. Затоа на компаниите им препорачуваме акциите поврзани со намалување на трошоците да ги преименуваат како “зголемување на продуктивноста. Продуктивноста може да се поттикне и со вреднувањето на работниците“, вели студијата на McKinsey.

Продолжувањето со вложувањето во клучните луѓе и нивно задржување е суштинско кога ситуацијата ќе се подобри. Наместо да се фокусираат исклучиво на намалување на трошоците, компаниите мора да ги ангажираат сите свои потенцијали, особено креативните, во развој на бизнисот. Кризата е и прилика, тоа веќе сите би требало да го знаат, а фирмите што размислуваат долгорочно, таа прилика може да ја искористат за развој на нови производи, нови пазар, особено пак за развој на човечките потенцијали, на што во кризните времиња обично им се дава премало значење, велат консултантите.


Седум добри начини за заштеда

 1. Анализирајте ги сите свои односи и договори

Најмногу внимание заслужуваат договорите со банките, адвокатите, консултантите или книговодствените бироа. Многумина менаџери пропуштаат да ги ревидираат долгорочните договори, а добриот деловен однос ги спречува да побараат поевтини решенија. Тоа што сте задоволни со нечија услуга не значи нужно дека нејзината цена е прилагодена на пазарната ситуација.

 2. Поттикнете ги вработените да ви заштедат пари

Вработените на пониските нивоа често имаат добри идеи за тоа како може да се заштеди, но не ги пренесуваат понатаму. Наградите (кои што не мора да бидат парични) може да се добар поттик тие идеи да дојдат до менаџментот кој што практично може да ги спроведе.

 3. Секогаш трудете се да добиете поповолна цена

Големите компании од многу даватели на услуги добиваат големи попусти, затоа што заради својата величина и количината на услуги што ги користат преговараат за цената на секоја услуга. Малите компании често грешат и не се поставуваат така, пропуштајќи ја приликата да остварат поповолни услуги. Независно од големината на компанијата, секогаш обидувајте се да добиете поповолна цена.

4. Почнете да штедите енергија

Гаснењето на светла, темелно планирање на производството, ограничување на потрошувачката на хартија, штедливи возила… Енергенсите се с$ поскапи, а паметно трошење на оние што најмногу се искористуваат е добар, но често потценет извор на заштеди. Во канцелариите во

5. Почнете да користите современа технологија

Употребата на “компјутерски облаци“ за софтвер, серверски решенија или пак паметни технологии на печатење овозможуваат големи заштеди. Многу менаџери се свесни за тие можности, но се колебаат да ги воведат, заради што секој месец всушност губат пари.

6. Скратете на   службени автомобили и картички

Егото на менаџерите често најмногу пати за повластици, како што се службени автомобили и кредитни картички, но непријатни времиња бараат и непријатни мерки. Со укинувањето на 2-3 службени автомобили може многу да се заштеди во текот на една година. Поголемата контрола на трошоците за репрезентација нужна е за сите. Дојде време и директорите да покажат дека штедливоста се однесува на сите.

7. Внимателно прегледајте ги трошоците за човечки ресурси

Многу компании го скратија бројот на вработени, замрзнаа нови вработувања и плати. Сепак, во некои случаи подобро е платата да ја поделите во фиксен и варијабилен дел кои што ќе зависи од резултатите. Понекогаш повеќе се исплатува да вработите уште еден човек отколку да плаќате прекувремени часови, а некои задачи може да ги извршуваат невработени млади луѓе или студенти што се спремни да волонтираат.


Три основни стратегии за контрола на трошоците

1. Намалување на вкупните оперативни трошоци

Оваа стратегија се спроведува во оперативниот дел на бизнисот и најмногу се однесува на оперативниот менаџмент, односно намалување на хиерархиските нивоа на одлучување. На тој начин се забрзува протокот на информации што на крајот значи поефикасно и побрзо работење од една страна, но и целосна ангажираност и преземање одговорност за одлуките на останатите вработени.

 2. Контролирање на фиксните трошоци на компанијата

Преку контролирање на договорите што компанијата ги има со добавувачи и сл., се менаџира со фиксните трошоци. Овие договори се обично повеќегодишни и со своите елементи не ги следат промените што настануваат на пазарот. Затоа со анализа треба да се утврди кои договори се штетни за фирмата и со нови преговори да се унапредат или заменат постоечките договори.

3. Намалување на вишоците

Оваа стратегија во рамки на сите оддели на фирмата е најкомплексна. Се однесува на системско и одговорно управување со трошоците во сите сегменти на работењето. Подразбира контрола, како на режиските трошоци, така и на тековните трошоци на работењето. Оваа стратегија се спроведува со правилници, деловна клима и едукација на вработените за важноста на рационалното користење на ресурсите.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×