Македонските компании малку тргуваат со Русија, извезле производи од 47 милиони евра
Објавено на од во Економија

mkd-rusija-znaminjaМакедонија изминатата година во Русија извезла производи во вредност од 47,8 милиони евра, што е раст од 7,76% за една година.
Од вкупниот извоз на македонските компании надвор од Македонија, извозот во Русија учествува со 0,96% во вкупниот извоз. Според големината на извозот во изминатата година, Русија е 24-ти по големина извозен пазар за македонските компании.
Податоците покажуваат дека Македонија не успева да заработи повеќе од блокадите на Западот кон Русија, со оглед дека во изминативе четири години извозот во Русија е зголемен за само 16 милиони евра.Причина за тоа е и фактот што Македонија нема склучено договор за слободна трговија со Русија. Колку за споредба Србија која има ваков договор за тргување без царини лани извезла над 1 милијарда долари во Русија.
Ако се види што се извезува во Русија, најголема извозна ставка се лекови во вредност од 11,8 милиони евра, околу 11 милиони евра изнесува извозот на овошје, 10 милиони евра отпаѓа на извозот на зеленчук, 7,8 милиони евра изнесува извозот на тутун и цигари. Од зеленчукот најизвезувани се домати и зелка, а од овошјето јаболки и праски.
Извозот на сирење и кашкавал лани бил многу мал и изнесува околу 145 илјади евра, додека извозот на кондиторски производи околу 80 илјади евра.

Ако се следи увозот од Русија во Македонија тој лани изнесувал 139 милиони евра, од кои најголем дел или 50 милиони евра отпаѓаат на увоз на природен гас. Втора најголема увозна ставка од Русија се лимови и други суровини за металопреработувачката индустрија во вредност од над 40 милиони евра.

Најголемизвозен пазар за македонските компании лани била Германија, каде е остварен извоз од 2,35 милијарди евра, или речиси половина од вкупниот извоз на Македонија кој лани достигна пет милијарди евра.
Втор најголем извозен пазар за македонските компании лани била Бугарија, каде во 2017 година е реализиран извоз од 293 милиони евра, што е раст од 31% за една година.
Трет најголем извозен пазар лани била Србија, каде се продадени македонски производи во вредност од 219 милиони евра, следи Косово со извоз во вредност од 198 милиони евра, Грција, каде лани сме имале извоз од 180 милиони евра, Белгија со извоз од 177 милион евра, Италија со извоз од 163 милиони евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×