Македонските пензионери се позаштитени од сироматија во споредба со пензионерите во Европа и во регионот, објави „Евростат“
Објавено на од во Економија

Новите бројки од Еуростат покажаа тренд во зголемувањето на бројот на пензионери погодени од сиромаштијата. Во 2017 година, 14,2 проценти од пензионерите биле под закана од сиромаштија во просек во Европа.

Pension-e1479677348740

Истражувањето е релативно бидејќи се зема можноста што ја имаат пензионерите за потрошувачка во однос на другите членови од домаќинството во сопствената земја.

Највисок процент е во Естонија – 46,1 проценти, но висок е и во Обединетото Кралство (19,1 проценти) и Германија (17,5 проценти). Бугарија е четврта со 32,4 отсто пензионери под ризик на сиромаштија, а во врвот е и Швајцарија со 26 отсто.

Откако ќе се иземат даноците и другите одбитоци, на 93 отсто од македонските пензионери им останува над 60 отсто од просечната потрошувачка што може да си ја дозволи кој било член од домаќинството. Според истражувањето само на 7,1 отсто од македонските пензионери во 2017-та им се заканувало сиромаштија.

Турција има најмал процент на пензионери погодени од сиромаштијата – 4,9 проценти (2016). Помал ризик од Македонија имаат уште само француските пензионери со 7,0 отсто.

Во земјите од регионот сиромаштијата е најголема закана за пензионерите во Хрватска – 24,5% се под закана. Во Србија, 17,5 отсто од пензионерите се под закана од сиромаштија. 15,9 проценти од пензионерите во Словенија се погодени од сиромаштијата, а Босна и Херцеговина и Црна Гора не се вклучени во истражувањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×