Македонските стартапи во потрага по инвеститори и дома и надвор
Објавено на од во Start-up

Think-Your-Way-to-Success_web1Домашните претприемачи  се претставија и пред основачот на Imgur

На првиот Demo Day во организација на Сеавус Инкубаторот, дваесетина македонски стартапи ги претставија своите проекти пред жири составено од инвеститори, бизнис ангели и фондови на ризичен капитал. Во жирито беше и Алан Шаф, основачот и директор на Imgur, најпопуларната во моментов онлајн платформа за споделување на слики во светот, кого што македонската публика имаше прилика да го слушне ден претходно. Разговаравме и со стартапи кои што веќе имаат пробив со своите продукти на странски пазари, или пак се дел од акцелераторски програми надвор од Македонија да ги споделат своите искуства.

 

Систем од сензори, паметен сервер и клиентска апликација на која негувателите на стари лица и лица со некаков хендикеп ќе добиваат потребни информации што ќе им помогнат во давањето подобра грижа. Ова не е опис на некаква технолошка иновација во Силиконската долина во САД, ова е производ што македонскиот стартап Гордиан Системи (Gordian Systems) го развива веќе неколку години и планира да го освои светскиот пазар со него. Но, слично како во амбиентот на Силиконската долина изгледаше нивната презентација пред потенцијални инвеститори во саботата, 5 ноември, во Скопје, на “Денот за демонстрација“ организиран од Сеавус инкубаторот.

“Идејата за овој проект, што го нарековме Кери (Carrie) потекнува уште од 2007 година, од времето кога бев во други компании, но дури последниве 2-3 години се развива технологијата до степен да може да се развие поевтин и пошироко достапен продукт“, вели Тони Бачваровски, управител и ко-основач на Гордиан Системи.

Компанијата е основана во првата половина од 2013-та, но првите две години се занимава со давање аутсорсинг услуги, односно техничка поддршка на компании од Калифорнија. Проектот Кери почнува со развој минатата година, и како што вели Бачваровски, е прв ваков систем на светскиот пазар и ќе направи револуција во областа на грижата за стари лица и лица со попреченост, како кај професионалните институции и центри, така и кај семејствата на овие луѓе. Годинава во февруари, проектот добива финансиска поддршка од државниот Фонд за иновации и технолошки развој, а во моментов се во потрага по инвестиции за втор круг на финансирање, за да може побрзо да го завршат и маркетираат продуктот.

start up 1Целта им е светскиот пазар

Гордиан системи беа меѓу 21 тим што учествуваа во 8-неделната програма на Сеавус Инкубаторот која што требаше да ги подготви стартапите за изработка на прототип, рана промоцијана производи или финансирање. Оние стартапи што бараа инвестиции застанаа на сцена да “пичуваат“ (pitching, анг., н.з.), односно со кратка презентација се обидоа да ја “продадат“ својата идеја на заинтересираните инвеститори. Гордиан системи, заедно со уште две стартап компании, Systems for enterprice  и Rezerviraj.mk (за кои што ќе пишуваме во следните броеви, н.з.), беа избрани за најдобри од жири комисијата во која што беше и Алан Шаф, основачот и директор на Imgur, најпопуларната во моментов онлајн платформа за споделување на слики во светот. Гордиан системи ги делат амбициите и сонот на уште 130-тина стартапи (зошто токму толку, а не неколку илјади,  види рамка во прилог на текстот, н.з.) од Македонија со планови да ги развијат своите идеи до фаза на продажба на глобалниот пазар.

“Веќе имавме контакти со неколку европски акцелератори, ќе размислиме дали би се префрлиле следниот период некаде надвор од земјава. Единствено во последната фаза и почетокот  на продажбата во САД би ја развиле нашата канцеларија во Калифорнија, за да бидеме поприсутни на тој пазар“, вели Бачваровски од Гордиан Системи.

start up 2Домашни стартапи во странски акцелератори

Игор Христов, основач на стартапот  4Virtus и проектот Fueloyal, веќе е присутен во САД, во њујоршкиот огранок на Techstars, една од најголемите мрежи на акцелератори во светот. Во програмата се до средината на јануари следната година, кога ќе имаат демонстрација на својот продукт, а потоа ќе се подготвуваат за првата поголема инвестиција.

Fueloyal e всушност македонско – хрватски проект, се работи за “паметно“ капаче за резервоарите за гориво, наменето за транспорните компании, преку кое што ќе може да ја контролираат внесената количина на гориво во возилата, и да спречат злоупотреба, односно кражби на истото. Капачето iCap 1000 веќе беше пласирано  на пазарите во САД и Канада, со него се намалуваат трошоците, се врши контрола во реално време, а до системот може да се пристапи од компјутер или мобилен телефон.

“Продажбата на Fueloyal e затворена со првата количина од првата верзија, но сега многу работи менуваме во компанијата, и почнуваме цела една нова приказна. Придобивките од учеството во акцелераторот Techstars е непроценливо за нас, мрежата од инвеститори – приватни и институционални – брои преку 1.500, ментори кои што само на сон може да ги најдеме“, вели Христов.

Тој додава дека после два месеци во њујоршкиот акцелератор би рекол дека не може да направи споредба во никаков поглед со стартап екосистемот во Европа, а камоли со Македонија.

“Акцелераторите, како и сите други бизниси, се ориентирани кон една единствена цел  – а тоа е од тебе да направат успешна приказна и истата да ја продадат. Ние разговаравме со Techstars уште минатата година, кога нè повикаа во нивниот новоотворен акцелератор во Берлин, но ние ја одбравме американската варијанта затоа што нашиот главен пазар се САД. Потоа штом ја отворија акцелераторската програма во Њујорк, нè поканија директно на финална презентација. “, вели Христов.

Заради стравот од неуспех нема поголем број стартапи во Македонија

Brainster е уште една интересна стартап приказна од Македонија, креирана од Петар Ниновски, кој што напуштил добро платено место во меѓународна компанија со свои операции во Скопје, за да го остварува својот претприемачки сон.

Brainster е онлајн платформа која што ги спојува оние што може да понудат експертиза за различни теми, односно да бидат предавачи, со оние што имаат потреба од такво знаење, односно слушатели на тие курсеви. На сајтот на Brainster може да се најдат најразлични курсеви – од изработка на мобилни апликации, до курсеви за улична фотографија.

Brainster стана прилично популарна платформа изминатава година, претходно успеа да добие и финансирање од мрежата на бизнис ангели на CEED, а Ниновски сега лансираше и нова платформа, наречена Brainster Кариера, која што треба да ги поврзе талентите со иновативните компании, нивните потенцијални работодавци.
“Платформата е едноставна и целосно бесплатна за користење. Најпрвин, компаниите ги објавуваат своите отворени работни позиции во една од следните категории: технологија, маркетинг, дизајн, бизнис, пракси и remote. Од друга страна пак, посетителите се регистрираат на категориите кои се совпаѓаат со нивните интереси. Регистрираните корисници, покрај бесплатното онлајн кариерно советување, еднаш во неделата ќе добиваат прегледна листа на сите отворени позиции од одбраните категории, директно во нивното емаил сандаче. “, ни го објасни Ниновски својот нов проект. Инаку, платформата е производ на здружените сили на тимот на Brainster и тимот на SolutionsBit и е една од успешните приказни кои се појавија како резултат на курсевите на Brainster.
Исто како и во случајот на Fueloyal и Gordian, и кај Brainster е присутен моментот експанзија на меѓународен пазар, затоа што платформата може да се примени во секоја држава, нема ограничувања, и потенцијалот е огромен. Ниновски вели дека работи на ова, и наскоро ќе има подетални информации.

Според него, еден од поголемите проблеми со кои што се соочуваат домашните стартапи, особено оние што се насочени кон странски пазари,  е немањето на достапни решенија за интернационални онлајн плаќања.

“Наоѓањето на таленти е уште еден проблем со кој се соочуваме, а тоа се должи делумно  поради образовниот систем,  а дел поради тоа што немаме многу луѓе кои имаат претходно работно искуство во стартапи. Но,  како генерален проблем за тоа зошто нема повеќе стартапи во Македонија го гледам во стравот на луѓето од неуспех. “, вели Ниновски.

Или како што вели Александар Тасев, еден од основачите на бизнис акцелераторот SuperFounders, и самиот претприемач во ИКТ секторот, фали критична маса иноватори со претприемачки дух, чист и паметен капитал, економска слобода…

“Сега е модерно е да се зборува за стартап сцена, екосистем, заедница… тоа е новиот buzzword, после ‘претприемништво’ што беше актуелно во периодот од 2000 – 2011, па ‘стартап’ (2011 – 2014) и ‘акцелератори’ (2014 – 2016). Но, основно нешто што недостига во Македонија за да може стартап културата и иновативноста да застанат на здрави нозе e  вредносен систем и култура.“, вели тој.


Прво да разграничиме што значи стартап

Стартап не е секој новоотворен бизнис и затоа нема 7.000 стартапи во Македонија

Минатата година од 70 илјади деловни субјекти, 80% биле со максимум девет вработени, а 10% се стартап бизниси, соопштија на прес конференција минатата недела претставници на Стопанската комора на Македонија и Yes инкубаторот од Скопје. Тоа значи дека околу 7.000 компании се водат како стартапи, односно под стартап се подразбира секоја новоотворена компанија во домашната економија. Затоа и беше напомнато од Комората дека за почеток на “стартап“ се потребни околу 1.000 евра, дека најмногу вакви бизниси кај нас има во услужните дејности, претежно во ИКТ, козметиката, трговијата, итн., и сите заинтересирани “стартапи“ беа повикани да се јават кај нив и да добијат консултантска поддршка. Зборот стартапи намерно е ставен во наводници, затоа што, како што напишавме во минатиот број на магазинот, дефинирањето на тоа што значи стартап честопати се сфаќа многу “растегнато“.Од најбуквалистичкото толкување, дека стартап е секоја компанија што почнува од нула, до она што може да се претстави како сублимат од повеќе дефиниции најблиски до она што американската владина агенција за мали бизниси (U.S. Small Business Administration) го дефинира како стартап: бизнис што е обично технолошки ориентиран, иновативен,  и има висок потенцијал за раст и глобална експанзија. Отворање на обично мало драгсторче или фризерски салон не е ниту иновативен чекор, ниту има потенцијал за брз раст, уште помалку за глобална експанзија. Тоа е само самовработување и толку.
За да не се фати дека пак, стартап, е по дифолт само компанија во ИКТ секторот или мора да има врска со висока технологија и сл., и продажба на кафе во улични киосци каде што употребувате некоја иновативна чашка, на пример, па по извесно време кога бизнисот ќе порасне, да може да продадете и франшиза, дури и надвор од вашата држава – е тоа е веќе стартап во онаа смисла на зборот истакната погоре во текстов.

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×