Македонско-американската компанија Upshift ja доби најголемата инвестиција во регионов вредна 3.7 милиони долари предводена од Recruit’s HR Technology Investments.
Објавено на од во Start-up
On – demand платформата за работа се проширува со нова рунда финансирање предводена од Recruit која е најголемата HR Tech компанија во светот во чија сопственост се познатите Indeed, Glassdoor и многу други.  
Team Picture

Тимот на Upshift во Скопје

Водечката on – demand платформа за барање работни позиции – Upshift , доби инвестиција од 3.7милиони американски долари за ширење на својот тим и забрзување нарастот. Платформата на Upshift, функционална на паметните телефони и преку веб, поврзува луѓе коишто бараат дополнителна работа или нови работни позиции во угостителскиот сектор, особено во услужните дејности кои имаат недостиг на работна сила, помагајќи да се задоволи високата побарувачка за краткотрајниработни решенија.
 HR Tech Investments – инвестициска гранка на интернет платформата Indeed ја поведе вложувачката рунда во Upshift со учество од Rev1 Ventures од Колумбус, Охајо и Data Point Capital од Бостон, Масачусетс.
Бараме фирми кои не само што се подготвени да играат на големиот пазар исе водени од одличен менаџмент, туку и компании кои активно со иновации ќе го нарушат статус-квото “, вели Скот Савиц, главниот партнер на Data PointCapital .„Со агресивен троцифрен раст на приходите, илјадници прекрасни личности кои ја користат платформата на месечно ниво, и енормен список наклиенти за коишто повеќето компании би направиле се да го добијат, гледамесамо светла иднина за Upshift “.
Луѓе од 15 метрополитенски области, вклучувајќи ги Северна Каролина, Охајо, Кентаки, Индијана, Пенсилванија, Тенеси и Тексас го гледаат Upshift како поддршка за нивните секојдневни потреби, но и како подолгорочно решение.
 Десетици илјади вработени го користат Upshift за да добијат шанса да работат во повеќе од 1,000 компании кои се наоѓаат на Fortune 500 листата, вклучувајќи и големи хотели, ресорти, итн. Хотелите Hayat, Intercontinental, компаниите како Таkay и Kroger се само неколкуод многуте компании во угостителскиот и лесно индустрискиот сектор кои сепартнери на Upshift. За разлика од многу компании од оваа индустрија, Upshift директно ги вработуваоние кои работат на нивната платформата. Ова значи дека луѓето коишто работат се обезбедени преку стандардните работни односи, вклучувајќи надоместок за работникот, осигурување и други заштити. Ова исто така значи дека клиентите, работодавачите на Upshift немаат обврски кон „апшифтерите“,коишто се пропишани со стандардниот модел на вработување 1099.
Nikola Jordanovski CTO

Со оваа инвестиција го надградуваме продукт тимот тука во Скопје “, вели Никола Јордановски, соосновач и технички директор на Upshift.

Upshift има ригорозни претпристапни начини на вработување кои вклучуваат интервју лице в лице со работникот. Само 12% од пријавените успешно го завршуваат претпристапниот процес. Ова, комбинирано со интуитивната, лесна за користење технологија и строгите дисциплински практики на Upshift, доведува до тоа над 95% од „апшифтерите“ лесно да се справат со работните задачи. Тоа е двојно повеќе од стандардот за успех во индустријата.
Воодушевен сум од партнерството со Recruit’s HR Technology Investments. ! Со оваа инвестиција го надградуваме продукт тимот тука во Скопје “, вели Никола Јордановски, соосновач и технички директор на Upshift. „Мило ми е што толку многу ‘aпшифтери’ видоа успех во користење на платформата, а особено сум горд што целиот производ е целосно изработен од македонскиот тим во Скопје“.
Инвестицијата ќе овозможи надградување на продукт тимот во Скопје со нови вработувања како и отворање нови пазари и вложување во маркетинг.

За Upshift 

Announcement_white
Upshift е водечка on – demand  платформа за работа која работи во угостителскиотсектор и останатите услужни дејности, помагајќи им на луѓето да засноваатпривремен или постојан работен однос. Со стапка на успешност од над 95%, Upshift е водач и исполнува двојно повеќе од стандардите на индустријата. Со седиште во Синсинати, Охајо, Upshift  помага на луѓе и бизниси во 15 големи метро области.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×