Македонско-британската компанија InPlayer доби 650.000 долари од регионалниот инвестициски фонд SCV
Објавено на од во Компании
InPlayer им помага на своите клиенти во дистрибуција и монетизација (начинот на наплата, уновчување)  на нивните дигитални содржини, а инвестицијата ќе ја искористи за зголемување на својот раст на глобално ниво. 
inplayer-team

Тимот на InPlayer во Скопје

 

 

 

 

 

 

 

 


InPlayer
, македонско-британска компанија која има развиено своја платформа за монетизација и им помага на повеќе светски компании во монетизирање на нивните дигитални содржини, денес официјално ја објави  добиената инвестиција вредна 650.000 долари  од регионалниот инвестициски фонд South Central Ventures (SCV), најголема инвестиција на фондот досега во Македонија.

Во Скопје се наоѓа топ менаџментот на  тимот, оперативниот директор (COO) Ненад Чубриновски и техничкиот директор (CTO) Филип Димчевски, додека извршниот директор (CEO) Џорџ Мик (George Meek) и управниот одбор на компанијата е во Лондон. InPlayer Македонија, моментално управува со тим од 35 вработени и ги опслужува најголемите медиумски и софтверски компании во светот. Во нивното  портфолио на клиенти, соработници и партнери, влегуваат и  FilmBox, Massive Interactive, Pageant Media, Livestream, Ooyala, и JW Player.

george-meek-inplayer CEO

Џорџ Мик, извршен директор на InPlayer

Mисијата на InPlayer е да им помага на своите клиенти во дистрибуција и монетизација (начинот на наплата, уновчување)  на нивните дигитални содржини. Многубројните успеси на компанијата најмногу се должат на постојаното вложување во нови технологии и секако нови луѓе, кои се посветени на тоа што го работат и секогашспремни за нов предизвик даден од клиент, објаснуваат во компанијата.

 

 

 

 

“InPlayer е воодушевен што ќе работи со SCV. Во моментов имаме тим од 35 вработени и очекуваме тоа двојно да се зголеми во текот на следните 12 месеци. SCV ќе овозможи InPlayer да го продолжи својот раст ширум светот. Македонија е клучна за иднината на нашиот бизнис и имаме среќа да ги привлечеме одличните таленти кои живеат тука”, вели Џорџ Мик, извршен директор на InPlayer.
Со оваа инвестиција се очекува до крајот на 2017, InPlayer да брои 50 вработени, а до крајот на 2018 дополнителни 50 вработувања.

nenad-cubrinovski-inplayer COO

Ненад Чубриновски, оперативен директор на InPlayer

 
“Ние сме возбудени што ќе работиме со тимот на InPlayer и ќе ги поддржиме понатаму во нивниот раст и зголемување на нивното портфолио на клиенти. Монетизацијата на дигитални содржини е дефинитивно една од најатрактивните области во бизнисот и јас навистина верувам дека InPlayer со нивната напредна платформа за монетизација како и својот искусен и посветен тим е добро позициониниран да стане еден од најдобрите играчи на пазарот “, рече Татјана Забасу, Партнер во SCV.

На промоцијата на инвестицијата во новите простории на InPlayer во строгиот центар на Скопје, коишто исто така беа промовирани денес,  присуствуваше  и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претставници од неговиот кабинет. Тој ја искористи приликата уште еднаш да истакне дека Владата ќе ги поддржи компаниите што ќе инвестираат во ИКТ технологијата.

 

“Од септември ќе промовираме повеќе мерки за поддршка  на приватниот сектор, особено малите и средните претпријатија, со фокус на ИКТ индустријата. Како што веќе најави и премиерот Заев поддршката ќе биде изедначена и за домашните и за странските инвеститори“, рече Манчевски.

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×