Македонците најмалку платени во Европа, работат за 3,2 евра за час
Објавено на од во Економија

Надоместот за еден сработен час во Македонија во 2017 година бил во просек 3,2 евра, според што работниците во Македонија се меѓу најмалку платени во споредба со земјите во Европската унија. Ова е просечниот бруто надоместот за еден сработен час, додека ако се одземат придонесите кои се плаќаат на државата, нето надоместокот за сработен час во Македонија е уште помал и за минатата година изнесува 2,1 евро за час.

Во истиот период просекот во Европската унија изнесува 23,1 евро за еден работен час.

Според податоците од Евростат најмалку платени се работниците во Бугарија и Романија, каде еден сработен час во изминатата 2017 година бил платен 5 евра, односно 5,5 евра.Следуваат Полска каде работниците добиваат во просек 6,3 евра за час, Унгарија so 8,4 евра за час, Хрватска со 8,5 евра за час, Латвија со 8,6 евра за час и Чешка со 10,1 евра надомест за еден сработен час.
MKD EVRO

Најмногу платени се работниците во Луксембург, каде надоместот за еден работен по работник лани бил дури 43,8 евра. Следуваат Данска, каде работниците во просек се платени по 38,7 евра за час, Белгија со надомест од 37,9 евра, Холандија со 33,7 евра за час и Германија со надомест од 32,3 евра.

Компензацијата која се добива за еден работен час е пресметана врз основа на просечната бруто плата во секоја земја и работна недела од 40 часа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×