Македонците се „ниска класа“ со богатство од 2.429 евра по жител
Објавено на од во Економија

Македонците се 68 пати посиромашни од Швајцарците, а три пати и од Хрватите. Македонските граѓани се дел од ниската класа во светот, која брои 3,5 милијарди луѓе и кои имаат богатство помало од 5.300 евра по жител.

Македонските граѓани се дел од ниската класа во светот, која брои 3,5 милијарди луѓе и кои имаат богатство помало од 5.300 евра по жител. Богатството на еден Македонец во просек изнесува само 2.429 евра, заклучно со декември 2013 година. А, еден Швајцарец во просек располага со финансиски имот вреден 165.540 евра и тој е најбогат во светот според рангирањето што го направи компанијата Алианц во извештајот за богатството во светот.

grafikМакедонија не е рангирана во овој извештај, но „Капитал“ го измери богатството на населението во земјава врз основа на податоците објавени од Народната банка на Македонија и го спореди со тоа на граѓаните од 50 земји. Мерено е колку населението поседува акции, банкарски депозити, осигурителни полиси, државни хартии од вредност и пензиско осигурување. Резултатот е разочарувачки и ја рангира Македонија на дното на скалата. Македонците се 68 пати посиромашни од Швајцарците, а три пати и од Хрватите. Вкупниот финансиски имот на Македонците изнесува 5.019.000.000 евра.

Поради тоа не припаѓаат на светската средна класа, која брои 912 милиони луѓе, кои се од Европа и Америка, но се повеќе и од Азија. Дури половина милијарда луѓе и речиси 40 милиони од Источна Европа успеаја да се искачат до средната класа во текот на последните 13 години, но меѓу нив не се граѓаните од Македонија.

Според извештајот, глобалниот бруто финансиски имот на населението порасна за 9,9% во 2013 година, што е највисока стапка на раст од 2003. Тоа го доведе глобалниот финансиски имот до рекордно ниво од 118 илјади милијарди евра. Во Источна Европа богатството е зголемено за 11,2%, што е двојно повеќе отколку во Западна Европа (+5,2%). Во, Македонија финансиската актива на домаќинствата растеше и во 2013 година, но со значително побавна динамика (+7,4%). Повеќе од половина од растот беше условен од заштедите во банките, а остатокот е од вложувањата во приватните пензиски фондови (27,1%) и од полисите за животно осигурување (22,7%). На крајот од 2013 година, населението во банките чуваше 3.097 милиони евра, во акции 579 милиони евра, во пензиските фондови 440 милиони евра, во готово има 235 милиони евра, а во полиси за животно осигурување 665 милиони евра. Извештајот на НБРМ покажува дека доходот и финансиската актива растат побавно од долгот на домаќинствата, што ја влоши способностa на граѓаните да ги отплаќаат долговите. Но, од НБРМ укажуваат дека ниското ниво на задолженост на овој сектор остава простор за натамошно задолжување. Со оглед на тоа дека расположливиот доход се уште не е доволен за да ја покрие личната потрошувачка на домаќинствата, тоа и понатаму ќе се задолжува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×