Макпетрол, Окта и Лукоил ќе добиваат пари од државата за чување на нафтените резерви
Објавено на од во Економија
После повеќе од една деценија, нафтените компании коишто ги чуваат државните нафтени резерви, ќе добијат пари од државата за нивно складирање.
октаМесечно ќе инкасираат по 2 и пол евра од складиран тон, а за таа цел државата годишно ќе одвојува вкупна сума од нешто над 3 милиони евра.
По предлог на Министерството за финансии, Владата конечно ја донесе Уредбата за висината на надоместокот за чување на државните нафтени резерви, која ја чекаа трите компании Макпетрол, Лукоил и ОКТА. Инаку, граѓаните со секој купен литар гориво ù плаќаат на државата од 30 до 89 дени за нафтените резерви. По оваа основа, државата годишно собира околу осум милиони евра.
„Со таа уредба ù се овозможува на Агенцијата за нафтени резерви да плаќа надомесок за чувањето на нафтените резерви. Цената е 2 ипол евра од тон и оваа Агенција во својот буџет има обезбедено средства да го исплаќа овој износ“, рече Драган Тевдовски, министер за финансии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×