Макпетрол со загуба од 3,3 милиони евра во првите три месеци, двојно поголема од лани
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

 

Најголемиот нафтен дистрибутер Макпетрол во првите три месеци годинава работел со загуба од 3,35 милиони евра, што е речиси двојно поголема од загубата со која компанијата работела во прв три месеци лани, а која изнесувала 1,75 милиони евра, покажуваат консолидираните неревидирани извештаи на компанијата објавени на Македонската берза.

Вкупните приходи на Макпетрол во првите три месеци годинава изнесуваат 70 милиони евра и се за 7% помали во споредба со истиот период лани. Најголем дел од приходите од продажба на Макпетрол или дури 94% се од продажби на домашниот пазар и тие во првите три месеци се намалени за 11%. Приходите пак од продажба на странски пазари во првите три месеци достигнаа 4 милиони евра и се зголемени за 275% во споредба со истиот период минатата година.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×