Макпрогрес и Дониа со донација од 300.000 денари на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола
Објавено на од во Компании
Донацијата е  со цел обезбедување науслови за почеток со тестирања за детекција на присуство на КОВИД 19. 
Makprogres-02-1
Ви го пренесуваме во  целост соопштението на Макпрогрес и Дониа во врска со нивната најнова донација.
„Одговорноста на секој поединец, организација и институција во овие вонредни услови е повеќе од потребна. Ова е посебно важно кога животот и здравјето на сите нас е во прашање. Ние како корпорација заедно со Дониа од Прилеп како одговорни чинители во оваа наша заедница позитивно одговоривме на барањето на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола за донација на финансиски средства со цел обезбедување науслови за почеток со тестирања за детекција на присуство на КОВИД 19.Како никогаш до сега сме исправени пред предизвикот кој нанесува огромна штетa и човечкa и материјалнa. Последиците со кои се соочуваме но и допрва ќе се соочуваме од нас бараат да се бориме сите заедно и да создадеме побезбедни услови за живот и работа. Нашата грижа не е само за нашето Макпрогрес семејство кое брои над 700 членови, туку и за сите оние кои живеат во нашата држава.
Оттука нашата одлука да ја потпомогнеме ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола во висина од 300.000,00 денари со цел обезбедување науслови за почеток со тестирања за детекција на присуство на КОВИД 19. Само да напоменеме дека со оваа донација ќепомогнеме на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, како превентивна здравствена установа и дијагностика, во реализација на напорите да обезбеди услови за почеток со тестирања за детекција на присуство на КОВИД 19 во нивнатамолекуларна микробиолошка лабораторија. Придобивките од почетокот на тестирањата се од големо значење за животот и здравјето на населението од регионот што го покрива ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола (Битола, Кичево, Ресен и Демир Хисар), како и за воспоставување, колку што тоа е можно, нормално функционирање на сите субјекти во овој регион.
 Од нас зависат многу работи, од тоа како се однесуваме, дали ги  почитуваме препораките и дали сме одгoворни пред себе и пред другите околу нас.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×