Макпрогрес се придружи на Витаминка, 3 месеци скратено работно време на родителите што користеле породилно
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
По примерот на компанијата Витаминка од Прилеп и Макпрогрес од Виница, донесе одлука за дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство. 
Makprogres-02 (1)Станува збор за новина со која вработените кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.
Макпрогрес вработува над 600 вработени и со тоа претставува најголем работодавач од прехранбената индустрија во источниот дел на Македонија. Со својот бренд Винчини е своевиден пионер – амбасадор на кондиторската индустрија, кој прв отворено се осмели да излезе на странските пазари и преку организиран и системски пристап да креира перцепција на македонската кондиторска индустрија како квалитетен и конкурентен играч во регионални и светски рамки. Во моментов производите се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот.
Како иновативна компанија, постојано ги следи потребите на потрошувачите, создавајќи високо конкурентни брендови кои можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари. Винчини, Сончева Долина, Армониа, Натура, Фантазиа, Дониа се дел од брендовите кои влегуваат под капата на производствената индустрија Макпрогрес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×