Макпрогрес во партнерство со Црвениот крст за поддршка на децата и младите со посебни потреби
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Започнувајќи од месец јуни, до декември 2017 година, компанијата Макпрогрес од Виница ќе биде партнер на Црвениот крст на Македонија, поддржувајќи ја имплементацијата на различни проекти наменети за поддршка на децата и младите со посебни потреби.

За таа цел, вчера во просториите на Макпрогрес, извршниот директор на компанијата, Глигор Цветанов, и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити,  потпишаа Договор за донација за поддршка на активностите кои ќе се реализираат преку општинските организации на Црвениот крст на Виница, Куманово, Штип и Струмица, во соработка со дневните центри за деца со посебни потреби во овие општини.

Целта е подобрување на социјализацијата на децата и младите со посебни потреби, и нивно подобро прифаќање во средината преку различни активности меѓу кои креативни работилници, хуманитарни продажни изложби, организирање на рекреативни активности, психолошка поддршка и едукации за децата и родителите на децата … Во имплементација на активностите ќе бидат вклучени и вработени на компанијата, како социјално одговорни граѓани, вработени од дневните центри и родители на децата.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×