Макрон е за нов економски поредок и за нови односи со Русија
Објавено на од во Економија
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска се заложи за нов економски поредок, укажувајќи на кризата без преседан во пазарната економија.
makronem-e1561554161607Во говорот на годишната конференција на дипломатскиот совет во Елисејската палата Макрон кажа дека Европа треба да ги преиспита своите врски со Русија.
Во екот на неизвесноста околу американската трговска политика Макрон кажа дека пазарната економија е премногу зависна од финансиите, дека создава нееднаквост што потоа го потресуваат политичкиот поредок.
„Ние живееме на крајот на западната хегемонија во светот, делумно како резултат на западните грешки во текот на минатите векови“, рече францускиот претседател.
Тој кажа дека е време Европа повторно да ги дефинира своите врски со Русија, да ги провери нејзините глобални амбиции и да избегне да биде фатена во средината меѓу двете страни во новата Студена војна.
Макрон кажа и дека не сака ЕУ да ги укине санциите воведени заради руското припојување на Крим, но кажа дека новите санкции не се во интерес на Унијата.
„Време е да ги преиспитаме нашите врски со Русија“, рече Макрон, но не даде повеќе детали за идејата.
Во својот дипломатски говор денеска Макрон предупреди дека е голема стратешка грешка да се делува така што Русија  се повеќе ќе се оттурнува од Европа.
„Европските слабости и грешки помогнаа Русија да се поттикне на сојуз со Кина и да го заживее своето влијание во Сирија, Либија и околу Африка“, рече тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×