Макрон, главен климатски активист на самитот Г20
Објавено на од во Економија
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Токио дека Франција ја одреди „црвената линија“ за климата и дека нема да ја потпише заедничката декларација на самитот на лидерите на Г 20 индустриски најразвиени земји во светот и земјите во развој, што почнува во петок во Осака, доколку документот не содржи „амбиции“ за борба против климатските промени.
макронем„Ако не зборуваме за меѓународниот договор за климата постигнат во Париз во 2015 година и ако не можеме да ги браниме климатските амбиции во сала со 20 луѓе, тогаш тоа ќе биде без Франција. Многу едноставно“, рече Макрон, обраќајќи се на француската заедница која живее во Јапонија.
Макрон рече дека не сака заедничката декларација од самитот на лидерите на Г 20 да биде „назадување“ во борбата против глобалното затоплување во однос на претходните текстови потпишани за време на состанокот на Г20.
„Немаме право самитот Г20 да биде без корист“, рече Макрон, кој за тоа прашање разговараше со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
Локалните медиуми пренесуваат дека работната верзија на заедничката декларација од самитот Г20 не содржи делови за климатските промени со цел да биде прифатлива од САД.
Американските власти претходно се повлекоа од меѓународниот договор за климатските промени, но тоа повлекување стапува на сила во 2020 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×