Макрон го повика Џонсон во Париз за да разговараат за Брегзит
Објавено на од во Политика
Францускиот претседател Емануел Макрон го покани британскиот премиер Борис Џонсон во наредните недели да го посети Париз, соопшти Елисејската палата.
макрон јонсонМакрон и Џонсон ќе разговараат за Брегзит, изјави претставник на Елисејската палате, кој додаде дека разговорот на францускиот претседател со британскиот премиер ќе бидат во согласност со барањата на ЕУ во врска со Брегзит.
Двајцата лидери вчера телефонски разговарале.
Британскиот премиер Борис Џонсон вчера му постави ултиматум на Брисел за повторно да преговара за Брегзит или да се соочи со можноста Британија да ја напушти Европската унија без договор.
„Ние сме подготвени да преговараме, со добра волја, за алтернативен договор за Брегзит“, рече Џонсон во првото обраќање во Парламентот.
„Ќе се фрлиме во овие преговори со најголема енергија и одлучност“, додаде тој.
Џонсон изрази надеж дека лидерите на ЕУ „ќе го преиспитаат нивното сегашно одбивање“ за повторно преговарање за договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ.
„Ако не го сторат тоа, ќе мораме да заминеме без договор“, рече тој, додавајќи дека побарал од своите нови министри „главен приоритет“ да им биде подготовка за Брегзит без договор.
Џонсон инсистира на тоа дека Велика Британија мора да си замине од ЕУ до 31 октомври, со или без договор.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×