Макрон го претвора Брисел во руски степи
Објавено на од во Политика
Во 2017 година кога францускиот претседател ја презеде политичката сцена со аура на победник во сложената кореографија на европските самити во 2017 година, тоа истовремено предизвика конфузија и симпатија меѓу другите. Две и пол години подоцна тој сè уште изненадува, но на местото на симпатиите дојде до негодување или дури и целосно недопаѓање. Младиот претседател стана самопрогласен лидер во Европа. Неговите неочекувани иницијативи и антисистемски напади се збунувачки, вознемирувачки, шокантни.
макронЗборовите „лидерство“ и „Европа“ не се многу поврзани едни со други. Во Европската унија има двајца претседатели: на Европскиот совет и Европската комисија. Т.е. веќе е комплицирано. Прашањето уште повеќе се усложнува кога националните лидери се претставуваат како европски, затоа што тие се водени од политичкото влијание и големината на нивната земја.
Со години, оваа неофицијална функција и припаѓаше на Ангела Меркел. Барак Обама отворено ја сметаше за лидер на Европа. Во тоа време (во 2011 година по должничката криза), шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски јавно побара од неа да преземе поголема одговорност. „Многу се плашам не од моќта на Германија, туку од нејзината неактивност“, напиша тој во тоа време. Раководството на Конзервативната канцеларка беше целосно во согласност со духот на нејзината земја, најголемата економија во ЕУ, која има најмногу придобивки од единствениот пазар. Она што беше добро за Германија беше добро за Европа и обратно: тоа беше лидерство на статус кво.
Емануел Макрон оди по сосема различен пат. Тој е лидер по природа и случајно (Ангела Меркел ослабна на германската политичка сцена, Британците пропаднаа во маглата на Брегзит, а италијанската Влада е загрижена за сопствениот опстанок) тој практикува лидерство на поделба и континуирано движење. Неговите непријатели се неподвижни и парализирани. Макрон сака да ја промени ЕУ, затоа што светот се менува.
Враќање на бумерангот
Два примера добро го илустрираат неговиот метод и неговите ризици. За време на јунските состаноци на Европскиот совет, кои беа посветени на назначувањето извршни позиции во ЕУ, тој го разруши системот на партиските лидери, предупредувајќи ги сите однапред за своите чекори, а потоа започна маневри и успеа да изврши притисок преку компромисни кандидати. „Тој ги смени правилата на играта, а потоа ги распиша новите услови со оглед на интересите на другите“, велат од Елисејската палата. Француските партнери, вчодоневидени од ваквиот маестрален потег, го прифатија без многу спротивставување: на крајот на краиштата, за многумина тоа беше профитабилно.
Бумерангот се врати три месеци подоцна, кога Европскиот парламент ја отфрли номинација на Силви Гулар за еврокомесар, предложена од Макрон. Сега тој ќе мора да ја прифати новата реалност. Тешко го проголта тоа.
Емануел Макрон се врати на тврдите мерки. Вториот пример се случи на состанокот на Европскиот совет на 17 и 18 октомври: францускиот претседател стави вето на започнувањето на разговорите за членство на Македонија и Албанија во ЕУ. Оттогаш, тој беше силно критикуван: обвинет за прекршување на дадениот збор, дискредитација на Европа и „историска грешка“.
Тој и неговото опкружување реагираат дека Албанија сè уште не ги исполнила неопходните услови,  дека разделувањето на преговорите со двете земји ќе ја дестабилизира ситуацијата во регионот и дека е неопходно да се реформира процесот за влез (тој е „премногу бирократски и автоматски“) и процесот на донесување одлуки во рамките на самата ЕУ (тој веќе работи исклучително слабо со 28 членки и може да биде целосно парализиран со појавата на нови).
Две визии за Европа
Ситуацијата е многу сериозна. Таа се спротивставува на Франција и Германија (втората го поддржува проширувањето) и создава тензија меѓу двете визии за Европа, како што велат во Елисејската палата. Поддржувачите на првата се подготвени и во иднина да ја замаглуваат ЕУ, а следбениците на втората сакаат да ја зајакнат Унијата. Емануел Макрон е длабоко убеден дека Европа не може да си дозволи слабост во нестабилниот современ свет. Тој не отстапи, но сепак се обиде малку да ја поправи ситуацијата со посети на земјите, кои првенствено се засегнати од неговата позиција.
Во услови на критики, советниците на Макрон ја бранат неговата позиција. „Во тоа се состои лидерството. Вие или сте лидер на Европа или не. Тој е“, изјави еден од нив. Од каде? Од која било причина, тој е единствениот кој е подготвен да ја преземе оваа улога и да излезе со идеи, да ги повика останатите лидери да го сторат токму тоа, реагираат тие.
Исто така, има и критики за неговите методи. Тој, иако со задоцнување, презеде курс на консензус во домашната политика, но, како што се чини, се фокусира на смелоста и личните иницијативи во надворешните работи.
Во март тој успеа да ги покани Ангела Меркел и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на средба со кинескиот лидер во Париз. Тој го покани иранскиот министер за надворешни работи на самитот на Г-7 во Бијариц, без да се консултира дури и со неговите британски и германски партнери. Паралелно со тоа, тој се сврте во насока на зближување со Русија (многу чувствително и контроверзно прашање за Европа), без да го вклучи дури и Берлин.
Во секој случај, Макрон ја отвори дискусијата за многу прашања, без разлика дали станува збор за односите со Москва или проширувањето на ЕУ. Тој успеа да ги вметне своите теми во агендата на Брисел: одданочувањето на интернет гигантите, стратегијата против Кина. Останува само да го утврди своето лидерство.

МОНД, Париз

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×