Макрон: Не е добро Србија пребргу да влезе во ЕУ
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Почеток на враќање на француското влијание во Србија и во регионот е главна карактеристика на дводневната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Белград. Во фокусот на разговорите со српскиот претседател Александар Вучиќ беа економските и политичките теми, пред се косовското прашање и евроинтеграциите на Србија.
vucic-makron-678x381Во поглед на евроинтеграциите на Србија, а со тоа и земјите во регионот, Макрон изјави дека паралелно се реформите кои Србија треба да ги спроведе на европскиот пат, и ЕУ мора да се реформира за да биде подготвена да ја прими Србија.
Тој додаде дека не постои прецизен датум за влез во ЕУ, се додека Европа не се реформира.
„Ова е процес во кој треба да се спроведат реформите и кога тие ќе се спроведат, може да кажеме дека тогаш завршивме со таа етапа. Колку побргу реформи, толку побргу ќе се завршат етапите“, кажа францускиот претседател.
„Потребно е да имаме два правца по кои треба одлучно да работиме. Европа не е бирократски процес. Не е само извештај….не е добро Србија пребргу да влезе во ЕУ“, оцени Макрон.
За разлика од него српскиот претседател изјави дека го сфатил ова излагање на Макрон за евроинтеграциите, дека се работи за два паралелни процеса. Еден е процесот на приближување на Европа, решавање на проблемот со Приштина, реформи во сектрорт на правото и други неопходни реформи, кои Србија веќе ги спроведува.
Вучиќ наведе и дека со Макрон разговарал „за она што се случи во Берлин и за она што не се случило во Париз.“
Во поглед на косовскиот дијалог, францускиот претседател истакна дека Франција го поддржува дијалогот, преку постигнување компромисно решение и со голема поддршка и посредување на ЕУ.
Тој порача дека наскоро со германската канцеларка Ангела Меркел ќе иницира нов состанок со српскиот претседател Александар Вучиќ и со косовските власти.
Србија и Франција потпишаа повеќе договори, меѓу кои е и договорот за набавка на ракетниот систем Мистрал, или вкупно 18 единици на тој систем со вкупно 50 ракети, а водени се и разговори за француското учество во изградбата на белградското метро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×