Макрон победи со мала предност пред Ле Пен со која ќе се соочи во вториот круг на изборите во Франција
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Кандидатот на центарот, Емануел Макрон, добил малку над 2% повеќе гласови од крајнодесничарката Марин Ле Пен, на првиот круг на претседателските избори во Франција, покажуваат конечните податоци на француското Министерство за внатрешни работи, како што цитира Ројтерс.

Макрон добил 23,86% од гласовите, а Ле Пен 21,53%. Касно вчера нецелосното пребројување покажа подобар резултат за лидерката на Националниот фронт, но потоа властите објаснија дека обработени биле првенствено избирачките места во селските реони, каде и се очекуваше силна поддршка за Ле Пен.

Макрон и Ле Пен ќе се соочат во вториот круг на 7 мај. Трет резултат на првиот круг оствари конзервативниот кандидат Франсоа Фијон, со мала разлика пред екстремниот левичар Жан-Лук Меланшон.

Излезноста на изборите била 78,5%, а анкетите покажуваат дека во вториот круг Макрон ќе победи со 62-64% од гласовите на Французите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×