Макрон уверливо стана нов претседател на Франција
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Емануел Макрон, 39-годишниот политичар кој беше непознат за јавноста до пред три години и кој ја основаше својата партија одвај пред една година, е новиот претседател на Франција.

Тој ја победи кандидатката на крајната десница уверливо, со освоени нешто над 65% од гласовите на Французите (65,5% на 96% преброени гласови досега).

Европските лидери ја поздравија неговата победа како глас за европското единство, и како удар врз силите што се обидуваат да јаваат на бранот на минатогодишното гласање за Брегзит.

Ле Пен во кампањата остро ја напаѓаше Европската унија и ветуваше приод од видот „Франција прва“, имајќи го предвид она што го направи Доналд Трамп во САД.

„Вашата победа е за силна единствена Европа и за германско-француско пријателство“, напиша на Твитер портпаролот на германската канцеларка Ангела Меркел, Штефен Зајберт.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, исто така на Твитер го поздрави францускиот народ што „ја избра слободата, еднаквоста и братството, место тиранијата на лажните вести“, алудирајќи на лажните текстови на адреса на Макрон ширени на интернет деновиве.

Во Брисел евентуалната победа на Ле Пен се сметаше за почеток на крајот на ЕУ, која се крепи на соработката меѓу Париз и Берлин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×