Максим Ацевски: Ние кажуваме што не чини и како да се поправи – останатото е на политичката волја
Објавено на од во Интервју

AcevskiМаксим Ацевски
директор на Државен завод за ревизија

Ние сме професионалци и не сакам да се занимаваме со политичката волја. Наше е да укажуваме што недостасува, што треба да се менува и како преку препораки во извештаите во соработка и со надлежните органи и со јавноста за да имаме ефект.
Факт е дека сте навистина активни во вашата работа  – речиси секојдневно одбиваме извештаи за сработена ревизија на работата на некоја државна институција. Како се снаоѓате со функционирањето во време на пандемија?
Мора да напомнам дека навистина е отежнато работењето на ДЗР, впрочем како и на сите други државни институции и приватни субјекти, но секако дека наоѓаме начин за справување со дадената состојба и извршување на задачите, пред се’ во насока на обезбедување на потребните мерки за заштита за здравјето на вработените. Со закон делегираните надлежности ние мора да ги извршуваме и успеваме во тоа. Еве се наоѓаме во постојана активност, па пред неколку дена објавен е последниот извештај согласно нашиот годишен план за работа за 2019 година. Фактот што има наша поголема присутност во медиумите се должи на тоа што имаме сменето стратегија во однос на комуникацијата со јавноста – ако во претходниот период новинарите или сите засегнати страни требаше сами да ја отворат нашата интернет страница за да проверат дали има некоја промена, некоја информација или нов објавен ревизорски извештај, сега тој пристап е сменет. Направивме ажурирање на сите засегнати страни и сега тој број е некаде околу 180 субјекти кои се наш постојан таргет и секогаш кога објавуваме нов Извештај, тој, заедно со еден апстракт или сиже од истиот, го испраќаме до сите овие адреси, преку објаснување, кој субјект бил предмет на ревизија, клучни наоди и препораки, какво мислење е дадено по патот на боите на семафор. Благодарен сум и до сите вработени и до сите кои посветуваат внимание на нашата работа.
Да, факт е дека сте поприсутни и ве има со вашите извештаи. Но, дали е тоа доволно? Како Вие ја гледате позицијата на ДЗР во однос на контролата на ненаменско и несоодветно трошење на јавните пари, но и во однос на алармирањето на другите институции кои би требало да реагираат на тие наоди?
Секако дека може да се направи повеќе. Токму чувствувајќи дека има потреба од дополнителен притисок од јавноста за да има ефекти, пред неколку месеци донесовме комуникациска стратегија со помош од британската амбасада каде ги утврдивме насоките и начинот на комуницирање со сите засегнати страни. Ние ја избравме јавноста како партнер во притисокот врз сите останати страни, судската, извршната власт и законодавната во насока на спроведување на нашите препораки. Верувам дека во последно време имаме голема поддршка од сите страни, вклучувајќи ја и јавноста. Владата на пример неодамна, после мои јавни настапи, донесе серија заклучоци со кои го задолжи Бирото за јавни набавки да го олесни пристапот до информации и да ја зголеми транспарентноста.
Да, тука загриженоста беше околу набавките во време на криза, Ваш впечаток?
Се работи за перцепција која мора да ја менуваме. Не можеме да кажуваме дека секогаш постои корупција. Не можеме да зборуваме генерално, ни требаат факти и докази. Тоа е основата на нашата работа – нема утврдена состојба доколку ревизорот не успее да обезбеди докази. Така и ние како граѓани – не можеме да се впуштаме во генерализирање на состојбите и констатација дека секаде има корупција, се’ е корумпирано и не се работи добро. Требаат конкретни докази за тоа што не чини или е несоодветно. Но, дека има потреба да даваме предлози и препораки за зголемување на отчетноста околу трошењето на средствата, тоа апсолутно. Во услови кога се наоѓате во една пандемија секогаш прво се мисли на здравјето на граѓаните, а потоа на известувањето. Со зголемување на професионалноста, вештините и знаењето на јавната администрација верувам дека ќе се зголеми и отчетноста во начинот на користење на средства. Еве Министерството за здравство во време на пандемија има добиено 2 милиони евра, што не е сума за потценување и сметам дека сосема се во ред сите заклучоци за зголемена транспарентност и во ред се очекувањата на јавноста да имаме поголема отчетност за тоа како се трошат парите во време на криза токму со цел за да се промени перцепцијата дека сега е моментот да се направи некоја коруптивна зделка.
Велиме дека не треба да генерализираме, но можете ли да направите еден општ заклучок – кои се клучните прекршувања што ги детектирате во однос на работата на институциите?
Од институција до институција имаме различни пристапи и различни утврдени пропусти, но генерално тоа се однесува на начинот на доделување на договорите за јавни набавки, начинот на евидентирање на трансакции во деловодните книги кај одредени субјекти, начинот на управување со имот, средства и недвижен имот. Ова е генерален проблем кај јавниот сектор и пред се’ кај јавните здравствени установи. Има и отсуство на донесени статути и акти за организација и систематизација што предизвикува системска слабост, односно неусогласеност на законот за вработени во јавниот сектор и законот за здравствена заштита и тука има затворен круг. Ја користам приликава да упатам апел до сите надлежни органи дека мора да се размислува за законски акти што ќе регулираат систематизација и делот на плати во јавната администрација бидејќи не може да генерализираме и да ставаме еднакво помеѓу она што значи администрација на централно ниво, на локално ниво и внатре во тоа локално ниво. Не може раководителот на сектор во Град Скопје да биде еднакво вреднуван како некој раководител на сектор на ЕЛС со 3000 жители. Или не може да биде еднакво вреднуван вработен во  нашиот Завод со некој член на регулаторно тело каде тој придонесува во Буџетот на државата да донесе со својот труд два до три буџети на државно ниво. Мора да размислуваме во делот на реформа на јавната администрација и уредување на систем на плати и наградување. Мора да има разноликост во пристапот, оти отсуството на можноста за награди воведува една нефер „урамниловка“ ги демотивира успешните, оние кои навистина се вложуваат во својата работа и не гледам зошто на долг рок вработените во јавниот сектор би сакале да останат таму. Мора да се размрдаат некои работи во јавната администрација со која ќе биде опфатен овој систем на плати и соодветен систем на вреднување на трудот на вработените.
Како ја гледате позицијата на судството, не само од аспект на улогата што треба да ја врши во едно демократско општество туку и од аспект на вашата работа, затоа што на крај и ефектот од вашата работа се вкрстува низ судските лавиринти?
Нашата работа е сосема поврзана и со судската власт и со обвинителството и горд сум што колегите направија два ревизорски извештаи за капацитетите и на судската власт и на јавните обвинителства што побудија голем интерес во јавноста. Наш успех е што и за двата извештаи нема забелешки од субјектите кои беа предмет на ревизија. Самиот јавен обвинител во еден настап кажа дека се’ што е наведено е точно и соодветно детектирано и воедно кажа дека се согласува со сите утврдени забелешки од страна на ревизорите.
Па и во нивна корист е да им се подобрат условите, да се даде гласност на прашањето за состојбата во која функционираат.
Апсолутно. Исто немаме забелешки и за извештајот за судската власт и можам да заклучам дека сме завршиле една добра работа. Овие извештаи треба да сигнализираат за извршната и судската власт да посветат поголемо внимание за да обезбедат услови. Кога зборувам за соодветни средства зборувам за финансиски и технички средства, опрема, сместувачки капацитети односно простор и човечки ресурси за имплементација на законодавството. Без ова не можеме да очекуваме дека ќе има резултати во борбата со корупција и организиран криминал.
Тука доаѓаме до една друга категорија наречена политичка волја што за жал не е предмет на ваша ревизија.
Ние сме професионалци и не сакам да се занимаваме со политичката волја. Наше е да укажуваме што недостасува, што треба да се менува и како преку препораки во извештаите во соработка и со надлежните органи и со јавноста за да имаме ефект.

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×