Макстил добитник на две награди за општествена одговорност
Објавено на од во Компании

Макстил е награден во категориите „Етичко управување“ и „Заштита за животната средина“

Компанијата Макстил АД Скопје е добитник на две награди за општествена одговорност кои вчера беа доделени од страна на националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија.

Во конкуренција од 34 претпријатија кои конкурираа со 50 проекти, Макстил ја доби статуетката во категоријата „Етичко управување“ , а добитник е и на плакета во категоријата за „Заштита на животната средина“.

Националната награда статуетка, Макстил ја доби за проектот „Сертифицирани за социјална одговорност согласно стандардизираните етички принципи од меѓународниот стандард SA 8000“. Макстил има стратешки пристап кон општествената одговорност и има донесено Декларација за ОО; Етички кодекс; Програма со мерки и активности 2013-2015; издава Билтени.  Компанијата ја заврши и постапка за имплементирање на Стандардот за севкупна општествена одговорност ИСО 26000 и изврши верификација по овој стандард, а  сертифицирана е според стандардот за социјална одговорност SA 8000.

Националната награда плакета пак, Макстил ја доби за проектот Систем за прифаќање на примарни и секундарни емисии“, кој има за цел заштита на амбиенталниот воздух од прашина, гасови, тешки метали и други загадувачи, инсталиран е нов систем за отпрашување и целосно затворање на производната хала, со што е постигната емисија далеку под дозволените граници со регулативи.

Министерот за економија, Беким Незири кој ги додели наградите посочи дека концептот на општествена одговорност станува составен дел на работењето на деловните субјекти во земјава по примерот на европските.

„Целта на Националната награда е да промовира позитивни практики на општествено одговорно делување и да даде инспирација за воведување и натамошно унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Македонија. Колку сме успеале во тоа говори фактот што во овие осум години претпријатијата пријавија речиси 500 квалитетни општествено одговорни практики, со кои ја покажаа својата посветеност  и грижа за општеството и животната средина“, рече тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×