Мал шенген – голем предизвик за лидерите на Западен Балкан
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Премиерот Зоран Заев попладнево треба да отпатува во Србија, а утре во Нови Сад, во Офицерскиот павиљон на Петроварадинската тврдина, ќе учествува на трилатерален состанок со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама.
vucic-rama-zaev-e1570442996406Иницијативата за овој состанок на Вучиќ, Заев и Рама потекна од нивната средба на маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, кон крајот на минатиот месец, кога српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди средбата, најавувајќи дека тие доаѓаат во Србија во првата половина на октомври на состанок посветен на отстранување на царинските бариери. Како што кажа, со нив ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на нашите три држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги.
Тој додаде дека тоа ќе биде првиот чекор и оти за Србија ќе биде важно да ја вклучи и Приштина за соработката да биде на повисоко ниво на економски интеграции, отколку во ЦЕФТА, како и да се привлечат и БиХ и Црна Гора.
Покрај бројните изјави на српските министри за т.н. „мал шенген“, српскиот претседател објаснувајќи ја темата на средбата изјави дека ќе се разговара за идејата за содавање на еден вид „Цефта плус-плус“, додека во најавата за утрешната трилатерална средба, белградските медиуми ја цитараа изјавата на Вучиќ, кој оцени дека станува збор за „епохална идеја“ која добила „целосен консензус“ од премиерите на Северна Македонија и Албанија.
„Сфативме дека поединечно сме мали и слаби, но ако се обединиме во однос на економските слободи, ако излеземе како блок кон Европската унија и другите, верувам дека нашата сила ќе биде неспоредливо поголема. Сакаме поцврсто економски да се поврземе, со што драматично би го зголемиле нивото на инвестирање, такво опкружување каде би имале целосна слобода на движењето, сообраќајот и услугите, сето ова би не подигнало и за тоа наидов на целосна отвореност на Заев и Рама“, кажа претседателот на Србија.
Анѓушев: „Мал шенген“ не е алтернатива за нашето членство во ЕУ
Нема алтернатива за зачленувањето во Европската Унија. Ниедна регионална или локална иницијатива, па ни „мал шенген“ не може да биде замена на тоа што ние го имаме како таргет, а тоа е Северна Македонија да стане членка на ЕУ, посочи денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев.
„Тука нема алтернатива. Секоја иницијатива која што може да биде локална, а е за да ја подобри регионалната соработка, ние ќе ја поддржиме, но мислам дека има сосема доволно простор во рамките на постојните иницијативи. Треба да се види што тој „мал шенген“ подразбира иако е убаво кога ќе го кажеме популистички, но сепак треба да бидеме претпазливи, бидејќи ниедна локална и регионална иницијатива не смее да биде препознаена како замена на нашето членство во ЕУ“, рече Анѓушев.
Исени: „Мал шенген“ само како инклузивен процес за сите држави од Западен Балкан
Иницијативата на Србија за создавање т.н мал шенген е  решение само како инклузивен процес за сите држави од Западен Балкан, смета  Дриљон Исени од Стопанската комора на Северозападна Македонија.
Мини шенгенот, потенцира Исени, треба да биде инклузивен за сите  држави од Западен Балкан. Не сме за тоа да се почне иницијатива која ќе дава некои бенефиции на одредени држави преку грбот на трети држави.
„Ние сме за тој пристап. Мини шенгенот или регионалната соработка била почетна точка и за основање на Европската унија и треба да имаме предвид дека во ЕУ нема расположение за проширување и нашата држава во најоптимистички рок може да очекува членство во 2025 година. Значи ќе чекаме минимум пет години, најоптимистички. На оваа иницијатива треба да се гледа  од таа призма, дали може со мини шенгенот инклузивно да се решаваат проблемите што се јавуваат  меѓу државите иако постои спогодбата ЦЕФТА. Тоа го гледаме како решение, но само ако е инклузивно со сите држави од Западен Балкан“, изјави Исени, одговарајќи на новинарски прашања на презентацијата на извештајот за Глобалниот индекс за конкурентност.
Според Сојузот на стопански комори (ССК), како што оцени вчера претседатеката Данела Арсовска, на бизнисмените не им треба „мал шенген” со Србија и Албанија, туку реформи за влез во ЕУ.
„Во време кога сме условно пред вратите на НАТО и со можности за отпочнување преговори со Европската Унија, чудна е идејата да влеземе во економска дива градба „мал шенген” со Србија која има различни определби од македонските во надворешната политика, особено во пристапување кон Северноатланската алијанса, додека македонските ЕУ и НАТО определби, се повеќе од јасни. Од друга страна Албанија во сите извештаи на ЕУ е чекор зад нас во напредокот и оваа насока на превземање чекори за заедничко економско делување не би придонело значително за наш побрз развој“, оцени во пишана изјава Арсовска.
Истовремено од Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва  Макматранс оценија дека иницијативата е за поздравување  затоа што на овој начин се отвора голем пазар за пласман на стоки и услуги во трите држави подеднакво, со целосно укинување на сите нестандардни мерки  кои важат за најголем кочничар во растот и развојот на државите.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ за денеска и утре во Нови Сад закажа состанок со премиерите Зоран Заев и Еди Рама  во Нови Сад, за неговата идеја за создавање „мал шенген“ со Албанија и Србија, како земји во регионот кои се многу мали за да влијаат врз економските показатели во Европа.  Како што изјави неодамна Вучиќ, ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на трите држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×