Малезија предлага 10 години затвор за ширење „лажни вести“
Објавено на од во СВЕТ-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Премиерот на Малезија, Наџиб Разак, денес во Парламентот на земјата предложи закон со кој „лажните вести“ стануваат нелегални.

Законот предвидува големи парични казни и до 10 години затвор за ширење неточни информации, што предизвика стравувања за медиумската слобода во азиската држава пред парламентарните избори што следат годинава.

Премиерот Разак е дел од корупциски скандал од милијарди долари. Стравувањата се дека целта на новата законска иницијатива е да се криминализираат новинарски материјали за евентуална вина на луѓе од власта.

Текстот на законот ги определува како лажни сите „вести, информации, податоци и објави, што се целосно или делумно неточни, независно дали се во пишана, видео или аудио форма“. Прекршувањето на законот ќе се казнува со 10 години затвор, со казна во вредност од 128 илјади долари (во локална валута) или и со двете.

Борците за правна држава во Малезија предупредуваат дека секоја вест за потонатиот во долгови малезиски државен фонд 1MDB,што не се потврдени од властите, ќе се сметаат за лажни.

САД и уште неколку држави ги истражуваат тврдењата за трансгранична шема за испумпување и перење пари преку овој фонд за економски развој, што е создаден и порано раководен од Разак, а сега е во долгови од милијарди долари. Според САД, 4,5 милијарди долари биле украдени од луѓе блиски до Разак.

Меѓу јужноазиските држави, и Филипините и Сингапур предложија закони против лажните вести.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×