Истражување: 42% од малите бизниси во САД ја поддржуваат Хилари Клинтон
Објавено на од во Економија
Со оглед на традиционалното сфаќање дека претприемачите се претежно наклонети кон републиканците, аналитичарите сметаат дека ова е прилично висок процент.

 

Кампањата на Хилари Клинтон за претседател на САД штотуку почна, но таа веќе ги освои симпатиите на изненадувачки голем број сопственици на мали бизниси во земјата.

Ново истражување спроведено од асоцијацијата на мали бизниси Manta покажува дека 42% од анкетираните претприемачи сметаат дека најдобар кандидат за малите бизниси е Хилари Клинтон, пренесува порталот Inc.com. Оваа статистика доаѓа од 1.000 испитани сопственици на мали бизниси. Аналитичарите сметаат дека ова е прилично висок процент, со оглед на традиционалното сфаќање дека претприемачите се претежно наклонети кон републиканците.  Нема сомнеж дека Клинтон профитира од фактот што теренот на Републиканската партија е се уште фрагментиран,  додека општата перцепција е дека таа е познат играч. Тоа наведува дел од претприемачите да мислат дека е малку веројатно Клинтон да иницира промени што би влијаеле негативно врз бизнисот или врз општото бизнис расположение.

“Претседател што е најдобар за малите бизниси е оној кој што инспирира доверба во американската економија и во нашата иднина“, вели Мора Аронс, основач на Women Online, мала агенција за дигитален маркетинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×