Малите и средни фирми полесно до пари од Фондот за иновации
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
DSC_0104

Македонско- Германското стопанско здружение во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој денес пред своите членки организираше презентација на тема „Поттикнување на иновациската дејност и подобрување на пристапот до финансиски услуги за иновации кај компаниите“.

Целта, рече Јасмина Поповска, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, е да се зајакне соработката меѓу македонските и германските компании.

„Целта на овој настан е да ги презентираме можностите за финансирање на иновации и трансфер на технологии пред македонско- германското стопанско здружение и неговите членки, на иницијатива на здружението, бидејќи е од интерес на јакнење на соработката меѓу Македонија  и Германија. Во оваа насока добро е да се разгледаат можностите кои што им стојат на располагање, партнерски да аплицираат како македонско- германски конзорциуми. Тоа го овозможуваме преку самите инструменти, особено преку инструментот комерцијализација на иноватика, каде што се доделуваат до 100 илјади евра. Македонските претпријатија можат да имаат како партнер и странско претпријатие или странска научно истражувачка институција која може да им помогне со цел развој на иновацијата“, објасни Поповска.

До сега, рече таа, на двата повици за апликации кои беа објавени во текот на оваа година, најмногу интерес имало од компаниите кои се од секторот на информатички технологии.

„Тие се најпроактивни и најмногу апликации до сега има од овој сектор. Веројатноста да добијат средства овие компании е секако поголема, оти најмногу апликации има оттаму“, рече таа.

Вкупниот износ на проектите избрани за финансирање изнесува 458.700 евра. На правиот јавен повик објавен на почетокот на оваа година аплицирале 78 компании, а од нив 16 компании беа избрани за финансирање од страна на Фондот за иновации.

Меѓу присутните компании, заинтересирани за новите финансиски услуги беше и Мендери Мена, директор на Алфра Алуминиум.

Станува збор за компанија која со 100% германски капитал, а пред 4 години е основана во Македонија.

„Почнавме со мал број на вработени, но секоја година растеме. Во моментот сме 50 вработени во Скопје, па се надеваме во иднина уште повеќе да го рашириме нашиот производен пазар. Се надеваме идната година уште повеќе вработени да имаме во земјава“, рече тој.

На презентацијата учествуваше и Ерко Винсетиќ од ДДВ Сервис, кој на македонскиот пазар нуди сосема оригинална и релативно нова услуга-  на македонските компании им го враќаат ДДВ-то од странство.

„Нашата компанија нуди услуги преку кои на македонските компании им го враќаме ДДВ-то од странство. На тој начин им помагаме да заштита значајни средства во поглед на трошоците кои ги имаат во странство како што се учество на саеми, семинари, конгреси, патни трошоци, патaрина, гориво за превоз … Ова е во сoрабoтка со швајцарската компанија United Cash Back“, вели тој.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×