Размислувај поинаку
Малку поинаков пристап!Размислувај поинакукаше сега се му го забравам името – Бизнис Конфедерација на работодавачи кој сега, замислете, се залагал за зголемување на платата. Ама државата да помогнала околу придонесите!? Па вели: „Нашиот предлог е за зголемувањето од 1.000 до 9.000 денари да може да ни помогне државата околу придонесите. Секое зголемување што ќе го издвојат работодавачите во износ од 1.000 до 9.000 денари да биде помогнато во рок од една година од Владата преку социјалните придонеси. А понатаму, да се надеваме со зајакнување на економијата, да има шанси да се исплаќаат во целост. Од моменталните 24.800 денари што ги очекуваме во март до 34.000 денари да има субвенции во социјалните придонеси. Тоа е околу 9.000 денари. Предлогот на синдикатите е 27.000 или 450 евра, но ние имаме шанси, ако бидеме поддржани од Владата со социјалните придонеси, тие плати да бидат зголемени за да постигнеме и малку поголем износ на минимална плата во регионот….„ и продолжува понатаму Миле ама не е важно што кажува … Ах да … и напомена уште дека наглото покачување на минималната плата е голем товар за микро, малите и средните фирми, особено во занаетчиската дејност.
Прво. Каде Миле видел ваков модел на Балканот и во светот?
Второ. Нели платата е пазарна категорија?
Трето. Та нели сега ние ке земеме силен залет со 250 милиони евра од Унгарија и ке го пореметиме со нашиот развој дури и Трамп со се Елон Маск? Ке видат тие чија мајка црну вуну преде! Па што е тогаш проблем со платата, ако имате проекти што ке можат да вратат 250 милиони евра кредит? Па вам ви требаат работници … и тоа добро мотивирани секако!?
Па добро бе луѓе … Нели е срамота да се пазарите за минималоец ееејјјј, и тоа во истата недела во која се испрчивте дека сега со унгарскиот кредит од 250 милиони евра, ршум ке направите, оти, едвај сте го чекале, оти „милионските проекти со години ви стоеле во фиоки„ како што вели еден полтрон тешкаш во една голема компанија (истото му го зборуваше и на Груевски, па и на Заев своевремено, а всушност цело време орбитира околу премиерите и чека да изглода некоја фрлена коска).
И вие сега оваа недела моментот од адреналинските (250 милиони евра) кој сам по себе треба да биде „момент на катаризична радост од севернокорејски тип, за вашите колективи и работниците кои ке добијат јасна иднина со вашите големи проекти„, го шамарате на најбизарен начин! Го еб..е моментот во стилот „седев крај реката Педра и плачев„ (да се обеси човек).
Дај те им ги парите (минималец) на работниците, онака како што бараат, и не ја мешајте државата (таа треба да води економска политика како што не води), или отворено кажете – не нема да дадеме зголемување на минималец. Зошто веднаш големите сопственици и инвеститори – љубите да се затриете низ премиерските кабинети и на други места во државата? И кај Силјановска одите и не знаете зошто одите. Само да е со државата! Имате ли вие елементарно достоинство? Во услови кога чекате 250 милиони евра во кредити да ви се истурат во дворовите, еј да имате време сега да се занимаватесо минималецот …!? Дали да биде од 1000 до 9000 денари (ДЕНАРИ) зголемен!!! Па дајте го бре. Или не го давајте!? Зошто се заебавате и кокетирате. Па ако сте профитабилни и топ за да земете од унгарскиот кредит сигурно имате и да корегирате минималец! Ако имате визија, и стратешки планови за инвестиции на овие кредити, вие сега би требало ова прашање да го игнорирате со назнака „позитивен одговор„ се разбира, и да одмавнете со рака. Да речете живееј бре „раднику„ и кажи што уште да ти дадам и приуштам за да не си одиш. И да продолжете со дефинирање на инвестиционите проекти. Онака отмено, како кога купувате нови „С класи„! Зошто сте така мали?
Зошто е тоа така? Сега ке објаснам … Се однесува на работниците!
Денес работник вака да размислува е губитнички! Еве зошто …
Затоа што денес, во 21 век, никој во фирма не држи неважен работник, а притоа и скапо платен. Напротив секојдневно истите тие работодавачи кои од кафани не можете да ги соберете едно пет саати дневно, е тие преку неделата ке ви кажат дека се потпираат на добри менаџери, технички инженери, добри и вредни работници со нели минимум 51% добрина и искреност во карактерот! Да во македонските компании има силни професионалци низ илјадниците фирми кои се платени одлично затоа што заслужуваат. Полни се со знаење и мотив. Што не може да се каже за јавната администрација секако.
Знаете ли воопшто дека во Македонија има стотици и стотици компании мали, средни, големи како сакате (нашите компании во суштина сите се мали) … каде работниците земаат и над 1000 и 1500 евра плата. Минимална не испод 40.000 денари. Познавам фирма овде каде просечната плата е 1600 евра. Познавам фирма во Белград каде просечната плата е 4000 евра!? Да да …
Што сакам да кажам …? Не можете платите да ги дефинирате од ракав. Од другата страна на платата е продуктивноста, производството, производот, брендот, маркетинг истражувања, дефинирање на пазари, продажба, менаџмент, инвестиции, барање финансии … Што знаат работните во Македонија од ова? Или колкав дел од нив има свесност за овој тип на предизвици? Кој овде зборува за продуктивноста? Зошто да ти ја зголемам платата? Што е додадена вредност на операцијата што ти ја работиш?
Извинете, но денес тој работник што се бори во компанијата за минималец од 400 евра најверојатно не ви е потребен во компанијата!? Ако веке дошло до тоа да зборуваме за минимална плата, до тука нека е. Ниту него ке го усреку минималната плата, ниту инвеститорот сопственик ке биде срекен со тој работник. Тоа е мачна дискусија.
Подобро е инвестиротот или директорот да инвестираат во вештините на работникот, со однапред изразена негова волја. Во неговото потребно образование и едукација. Дајте му вештини како работодавач да може да ви заврши работа, не за минималец, туку доведете го до ниво да треба да му дадете 1000 евра плата! За да имате корист од него. Зошто би ви бил потребен ако не е така. Ова е како треба работодавачот да размислува.
Размислувал. Не размислувал работодавачот тоа се случува. Фрлете око на статистиката и видете колку се платите во разни индустрии и тоа кај обичните работници, за менаџери, инжинери и други повисоки нивоа и да не разговараме. Ало, овчар во Македонија зема 1500 евра.
Како треба работникот да размислува?
Еве вака: Мојата плата треба да биде 1000 евра, море не … 1500 евра плата? Работодавачот ке го праша зошто? Овој нема да знае сигурно да одговори оти ке се вади на синдикалната кошничка – многу поскапела! Аха, значи немаш да јадеш? … Лажеш!
ОК … што можеш да изработиш повеке и поквалитетно? Не знаеш… Отказ! Оди и ако најдеш за ова што го бараш овде, како цифра, викни ме и мене. Излези, бре на пазарот, најди во друга фирма поголема плата! Вреднувај се – пробај се и немој да чекаш твоите неспособности, вишокот време оти не работиш доволно, твоето отсуство на квалификации оти си бил мрзлив во животот да ти ги плаќа некој на кој главата му „чури„ врзувајки крај со крај во своите месечни бизнис планови. И уште твоите проблеми што си му ги ставил на грб, на грб ја носи и целата држава која, за жал сеуште му е „класен непријател„! Има и уште нешто … Ако си толку сигурен дека толку вредиш во оваа фирма – излези од компанијата, направи иста таква компанија и „уби„ го твојот претходен газда на пазарот!? Ви текнува …!?
Ама докторите биле слабо платени! Па не гледам дека нешто трпат докторите … Одат во приватна болница. Одат и во Германија. Одат и во Дубаи каде земаат и по 10.000 евра месечно, па и повеке. Е не ке ве чешлаат. Ке шекаат просекот во Македонија да им кажува како треба и тоа меѓу две газачења во Солун во една недела. И после мала им била платата. Социолошкиот проблем е дека денес, генерално, македонскиот човек малку работи, уште помалку мисли а многу сака да се “курчи„. Курчењето кошта.
Ова секако не важи за овие што ептен промашиле во јавјната администрација. Тие пак најмногу се „курчат„. А всушност станува збор за едно општо празно место. Нив набргу ке ги прегази времето и вештачката интелегенција. Елон Маск ке ги реши сите глобално. Брзо ке дојде денот кога на македонската јавна администрација нема да може да им помогне ни нивниот главен работодавач и газда – државата и партиите во позадина. Тука нема спас …
Денес ви пишувам за вистинскиот пазар … И така тоа се прави во овој век! Знам звучи многу сурово. Но, сите ние живееме во еден суров свет. Тука сме исти. Самите гледаме што се случува насекаде околу нас. Свесни сме дека за развој на една компанија денес, па ако сакате и за целата мала и никаква македонска економија се потребни луѓе со разни нови вештини. Од друга страна не може се да се гледа преку зголемување на платата (за тоа утре во нов текст ке пишувам).
Луѓе мои, потребни се знаења нови. Кој овде разговара за тоа ….?
Ајде да видиме дали во Македонија се разговара за тоа кои се новите професии денес? Што светот бара од поединците? Како вештачката интелегенција ги менува нашите животи? Гледаме ли дека ако пред само пет до десет години ништо не не интересираше, ниту на Балканот, ниту во светот (сами на себе си бевме доволни), денес веке не е така – оти дневно сме затрупани со вести од светот кои ги дефинираат и нашите животи.
И тоа е добро … значи сме влегле на големиот терен. Па ако не ти се допаѓа платата во Македонија бре оди, оди … Оди во Германија најди работа за 2500 до 3000, 4000, 5000 евра и си го решил проблемот … Оди да те видам … направи го тој чекор. Како што прават многумина од нас. Тоа е вистинска храброст и дрскост. На тие им кажувам јавно браво … Отишле да работат и да заработат. Кај газда германец. Капа доле.
А не овде да чмаат со по пет еспреса по кафичи на секои два саата. Дома топол ручек од баба му, па вести на секои пола саат, измегу македонски народни приказни, па едно саат време пцуење и по вмро дпмне, и по сдсм, и по Албанците и нивните партии … Аха ке заборавев низ целиот ден и казина и кладилници … зелка салата и лоша брља по кафани … Такси во градот не можете да најдете не дека нема … Колите стојат на улица, таксистите се во казината. Казината преку ден и ноќ се полни со таксисти и полицајци.
800 милиони евра е прометот во казината во Македонија и во се што е игра на среќа во 2023. Па дали сте вие нормални? И дали е нормална државата што ова го толерира. Оти од својот граѓанин дозволува да се создаде вистински идиот – корисен само за избори! Решете го тоа бре …
Ако се ова се има во предвид, тогаш престанете да замарате со минималната плата и потрошувачката кошничка … Тоа е срамота. Каков е тој губитнички менталитет …




















