Малку работни места за младите на Западен Балкан, одливот во странство достигна 13%
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Од над 700 илјади работни места колку што се отворени на Западен Балкан од 2012 до сега, само 4,3% биле наменети за млади луѓе под 24 години, изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу денеска во Букурешт.
заминаЗборувајќи на Конференцијата што е посветена на младите од Западен Балкан и политиките на ЕУ, што ја организира Романија и РСС, Брегу појасни дека таквите бројки со кои располагаат целосно ја појаснуваат загриженоста на граѓаните поради одливот на висококвалификувана работна сила, која веќе достигнала 13% на ниво на регион.
„Младите луѓе сочинуваат една петина од вкупното население на Западен Балкан, а воедно се и најобразованиот дел од нашата работна сила…Мораме да вложиме во младите да останат и своите таленти да ги вложат во подобрување на сопствените, но и на нашите животи. Тоа е најмалку што можеме да направиме за нашата иднина“, рече Брегу на конференцијата “Како подобро да се одговори на европската ориентација на младите генерации од Западен Балкан“.
На Конференцијата на која се собраа преку 200 млади активисти од Западен Балкан, главните теми се вработување на младите, млади претприемачи и нивните иновации и новите стартап компании формирани од младите, соопшти РСС.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×