Манчевски: Догодина ќе отвориме нов технолошки парк со бизнис акцелератор
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Следната година Владата ќе отвори нов технолошки парк со бизнис акцелератор.

Иницијативата е на Министерството за информатичко општество и администрација, а Фондот за иновации и технолошки развој ќе биде еден од носителите на проектот.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, рече дека „технолошкиот парк ќе биде место каде ќе се интегрираат напорите на стартапите, на државата, на универзитетите и на инвеститорите, со заедничка цел – развој на иновативни продукти и решенија“.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, рече дека за почеток е обезбеден капитал во износ од 1,4 до 1,7 милиони евра, и оти со Светска банка во тек се завршни преговори за почетно финансирање. јд

Идејата, меѓу другото, на овој технолошки парк е младите кадри што излегуваат од ИКТ факултетите да најдат место каде ќе добијат „коучинг“ и во домен на техничките вештини, и за сопствено развивање на културата на иновативност. Паркот ќе има и канцеларии на големи меѓународни ИКТ компании и домашни етаблирани ИКТ фирми.

Главната улога на акцелераторот во рамките на технолошкиот парк е да ги поддржи иновативните идеи на стартапите во развојот кон нивната комерцијализација на пазарот.

„Морам да споменам дека покрај оваа иницијатива за технолошкиот парк, Фондот располага и со 8 милини евра неискористени средства што понатаму во партнерство со иновативни компании имаме намера да ги искористиме за развивање на иновативни продукти, решенија за пазарот“, изјави Деспотовски, на конференцијата за иновативни ИКТ решенија и трендови, во организација на МАСИТ (Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии).

Претходното раководство на Фондот има многу ниска стапка на искористеност на средствата што им биле на располагање, дополни Деспотовски.

Поопширно за тоа што се дискутираше на конференцијата ќе можете да прочитате дополнително на порталот и во магазинот „Капитал“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×