Манчевски го промовираше Централниот регистар на население, граѓаните добиваат електронски идентитет
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Граѓаните ќе добијат електронски идентитет и поедноставен пристап до електронски услуги, а нивните податоци ќе се разменуават побргу и поефикасно помеѓу институциите со Централниот регистар на население што почна да функционира од денеска. Регистарот е прв клучен чекор за дигитализацијата во јавната администрација и ќе биде помошна алатка за претстојниот попис на населението, а ќе ја олесни и подготовката на Избирачкиот список.
регистар н населениеПромените на податоците на едно место се запишуваат  во регистарот на население и се видливи во реално време за сите други институции. На пример ако се променат податоци на граѓаните во Управата за матична евиденција тоа ќе биде видливо автоматски и во другите институции и ќе нема потреба од меѓусебно известување.
„Регистарот на население овозможува собирање податоци за физички лица и нивно користење од страна на институциите за потребите на нивните управни постапки. На институциите кои работат со личните податоци на граѓаните им овозможува тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци за граѓаните без потреба од рачно одржување и ажурирање. Системот содржи унифицирани, верифицирани,стандардизирани и валидизирани податоци“, рече на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Граѓаните, тврди,  повеќе нема да се соочуваат со проблемот со различни податоци во различни институции. Овој регистар е основа за електронскиот идентитет на граѓаните, односно единствениот електронски број што за граѓаните ќе се креира автоматски во системот според алгоритам. Тој ќе биде идентифкација при користење од институците, но и замена за матичниот број со што ќе се ограничи неговото користење од сите институциите.
Манчевски најави дека наскоро ќе профункционира електронскиот портал на електронски услуги, а секој граѓанин само со една најава односно само со едно корисничко име и пасворд ќе има пристап до податоци од разни институции. Истовремено со единствениот електронски број ќе може да провери која институција, кога  и од кои причини ги користела неговите податоци. Ако некоја информација е погрешна граѓанинот ќе добие информација во која институција и како треба да се направи промената.
За проектот на којшто МИОА работеше две години се обезбедени пет милиони евра од Европската унија.
Како што истакна претставникот на Европската делегација во Скопје Фрек Јан Маат, регистарот ќе овозможи електронски податоци и услуги за граѓаните и ќе го  помогне пописот на населението, статистичка операција што не е организирана подолго време.
„Државниот завод за статистика и МИОА се подготвени за пописот,  но за тоа е потребен закон. Заради тоа во исчекување сме да видиме како овој процес ќе се одвива во Собранието и се надеваме на позитивен исход и на консензус за новиот закон за попис“, рече  Јан Маат.
Манчевски појасни дека регистарот ќе биде помошен механизам за пописот да биде спроведен побргу и подоверливо со впишување на податоците. Се напушта класичниот начин на спроведување попис со хартија и анкетарите ќе имаат помош со лаптопи преку кои при појавување на врата ќе ги повлекува основните податоци од Централниот регистар на население. Тоа се само основни  податоци односно во него нема голем број податоци потребни за пописот,  како на пример етничка припадност, приходи и други.
Главни извори од каде е  креирана базата на податоци на регистарот на население се Министерството за внатрешни работи, Централниот регистар и Управата за водење матична евиденција. Податоците на граѓаните, тврди Манчевски, се заштитени,  неможе да има злоупотреба од страна на институциите и ќе се ограничи пристапот до одредени податоци како што е матичниот број, наместо кој ќе се користи електронскиот. За системот се користени најновите технологии, и хардверски и софтверски, донесени се потребните закони и применета е Генерната директива за приватни податици.
Регистарот на население ќе содржи податоци и за починати лица за период од 50 години. Сега во него има податоци за  вкупно 2 867 829 лица. Од нив, како живи се водат  2 618 391 лице. Активни со престој во државата, меѓу кои и странци, се 2.422.484 лица, а престој во странство пријавиле 180 553 лица. Во регулиран престој, според регистарот, се околу 30 000 странци. Сите овие податоци, како што потенцираат од ресорното Министерство, не треба да се сметаат како замена за попис, односно не се релевантни за таа намена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×