Манчевски: Превработеност, а сепак недостаток на стручен кадар во јавната администрација
Објавено на од во МКД-БИЗНИС И ПОЛИТИКА

Јавната администрација се соочува со превработеност, но нема доволно стручен кадар, а институциите имаат несоодветна екипираност, особено со ИТ кадар, поради што ѝ е неопходна итна реформа, е заклучокот на денешната прва од серијата дебати со граѓанскиот сектор на тема реформа на администрацијата, организирана од Министерството за информатичко општество и администрација.

Целта на дебатите, како што рече министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, е да се следи процесот на реформи на јавната администрација од сите засегнати, да се добиваат совети и насоки од граѓанските асоцијации, и да се формира консултативен совет за неопходните реформи за да се создаде стручна и ефикасна јавна администрација.

„Јавната администрација во Македонија е силно политизирана, а реформите траат од 1999 година и не резултираа со ефикасност. Бесконечна дебата не е решение. Мора да се дефинира краен рок и да се усвои стратегија за реформа на јавната администрација која ќе овозможи влез на стручен кадар во администрацијата“, рече Манчевски и додаде дека во последниве 10 години  има необјективно вработување во јавната администрација поради што има превработеност, но сепак недостасува стручен кадар.

Посочи дека таков е случајот во повеќе министерства и како пример го истакна Министерството за информатичко општество и администрација, каде, како што кажа, проектите ги водат ИТ кадри од АЕК.

Нагласи дека новата Влада на секој можен начин сака да го чуе мислењето  на граѓаните и експертите и дека нема да носи брзи закони, освен во исклучителни ситуации.

„Цел ни е да направиме функционална анализа на јавната администрација со помош на невладините организации, за да направиме прераспределба на сите вработени кои немаат соодветен ангажман“, рече Манчевски и додаде дека се размислува за воведување двосменско работење на администрацијата и флексибилно работно време со доаѓање на работа во периодот од 7:30 до 8:30 часот, а одење од работа од 15:30 до 16:30 часот.

Како што посочи, ќе се укинува моделот на оценување и казнување на јавната администрација, потврдите за познавање на англиски јазик и психолошки тестови за вработување во администрацијата.

Вети скоро ревидирање на регистарот на вработени во јавната администрација и објавување на конечната бројка на вработени и прецизира дека во бројката од 120.000 вработени во администрацијата, заклучно со декември 2016 година, најверојатно не се земени предвид привремените вработувања.

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×