Манчевски во Будимпешта ги промовира условите за влез на трет мобилен оператор
Објавено на од во Економија
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски од денеска учествува на светската конференција – ITU Телеком, што се одржува во Будимпешта, каде ги промовира условите кои ги нуди Северна Македонија за влез на трет мобилен оператор.
манчевски-e1544677316357Во рамки на официјалната посета, делегацијата предводена од Манчевски, соопштија од Министерството за информатичко општество и администрација, ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Теленор, Orange, AT&T, како и со Дорен Богдан Мартин, директорка на Телекомуникациското развојно биро на ITU и Хулин Жао, генерален секретар на ITU.
Бизнис климата во Северна Македонија и можностите кои ги дава на располагање за странски инвеститори, министерот Манчевски ќе ги презентира и на тркалезна маса, каде ќе присуствуваат претставници на повеќе оператори од Европа, како и дел од најголемите банки и регулатори од областа на електронските комуникации.
Од Министерството за информатичко општество и администрација посочуваат дека податоците со кои Северна Македонија може да се пофали во областа на ИКТ се: 862 милиони евра – вредност на пазарот на ИКТ, четири отсто придонес кон БДП, 47 отсто раст на пазарот во изминатите пет години, 18.242 вработени во областа на ИКТ, над 600 дипломирани студенти на студии од областа на IT-технологии годишно, 945 евра месечно – просечна бруто-плата во секторот за телекомуникации, 8,2 отсто раст на пазарот за софтвери на годишно ниво, 84,7 отсто раст на пазарот за хардвери и 257 нови субјекти основани во 2017 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×