Марибор избран за европски суперкомпјутерски центар
Објавено на од во БАЛКАН-БИЗНИС И ПОЛИТИКА
Марибор во Словенија е еден од осумте градови во кои ќе биде сместен првиот европски суперкомпјутерски центар во рамки на заедничката иницијатива на Европската унија и група европски земји, соопшти Европската комисија.
1955_mariborОвие компјутери треба да им помогнат на истражувачите, индустријата и бизнисот во различни области, од проектирање лекови и нови материјали до справување со климатските промени, а се поставени во рамките на Заедничкото европско претпријатие за компјутери со високи перформанси – Еуро ХПЦ.
Освен Марибор, избрани градови се и Софија во Бугарија, Острава во Чешка, Кајани во Финска, Болоња во Италија, Бисен во Луксембург, Мињо во Португалија и Барселона во Шпанија.
Еуро ХПЦ е проект на Европската унија и 28 поединечни европски земји. Во управувањето со суперкомпјутерските центри ќе учествуваат 19 од 28 земји, а вкупниот буџет за тој проект изнесува 840 милиони евра.
Целта на заедничкото вложување е да се опреми ЕУ со суперкомпјутерска инфраструктура од светска класа до крајот на 2020 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×