Марк Закерберг, основачот на Facebook ги посоветува дипломците од Харвард
Објавено на од во СВЕТ БИЗНИС

Facebook Founder Mark Zuckerberg Delivers Commencement Address At HarvardВреме е за проекти кои ќе ја дефинираат нашата генерација

“За да го одржиме општеството да се движи напред, имаме генерациски предизвик, не само да креираме работни места, туку да креираме обновено чувство за цел. Тогаш што чекаме? Време е за големи дела кои ќе ја дефинираат нашата генерација”, им порача Закерберг на дипломците од Харвард Универзитетот.

 

Марк Закерберг конечно ја доби својата диплома од Универзитетот Харвард. Познатиот основач на Фејсбук пред 12 години го напуштил Харвард за да ја основа познатата социјална мрежа, но пред десетина дена се врати да ја подигне својата почесна докторска титула, но и да сподели некoj совет со студентите кои дипломираат оваа 2017 година.

Закерберг им порача на студентите да преземаат ризици и да се справат со големи и амбициозни проекти кои обединуваат големи маси на луѓе за општото добро на општеството.

Тој потенцира дека многу технологии, вклучувајќи ги и оние кои се развиени од Facebook, го менуваат светот и носат нови предизвици.
“Вие дипломирате во време кога ова е посебно важно. Кога вашите родители дипломирале, чувството на цел со сигурност доаѓале од работата, црквата и заедницата. Но, денес, технологијата и автоматизацијата елиминираат многу работни места. Припадноста кон заедниците слабее. Многу луѓе се чувствуваат дисконектирано и депресирано, и се трудат да ја пополнат празнината во нивните животи”, рече Закерберг во својот говор.


Закерберг изјави дека милениумците се доживуваат себеси многу повеќе како глобални граѓани, отколку како припадници на една нација-држава. 

Основачот на Facebook смета дека сега е време за оваа генерација да го дефинира “социјалниот договор” по насока на Нов Договор или Големо Општество. Закерберг смета дека треба да се истражат идеите за универзален основен приход- идејата дека секој треба да добива основна плата, и да се истражат начините за да се обезбеди здравствена заштита и грижа за децата кои нема да бидат поврзани со статусот на вработеност.

Тој признава дека тоа нема да биде евтино. “И точно е дека да се даде секому слобода да ја исполнува својата цел не е бесплатно. Луѓето како мене треба да платат за тоа. На многу од вас ќе им оди добро и треба да го направат истото”, смета Закерберг.

Zukenberg WEB 919 01

Основачот и директор на Facebook, кој има 33 години е најмладиот досега говорник пред дипломците на Харвард Универзитетот, податок кој тој сакаше да го потенцира пред студентите.

“Можеби тргнавме по различни патишта за да стигнеме до тука. Денес со вас сакам да го споделам она што го научи за нашата генерација и за светот што го градиме заедно”.
Некои од изјавите на Закерберг пред студентите на Харвард прозвучеа слично како и неговиот манифест кој го објави на почетокот на годината, нагласувајќи како тој ја гледа мисијата на Facebook како градење на социјална инфраструктура за светот. Но, централна тема во обраќањето на Закерберг беше повикот до младите луѓе да креираат свет во кој секој има чувство за цел, која е над неговите потреби.
“Не сум тука за да ви одржам стандарден говор за тоа како треба да ги најдете своите цели во животот. Ние сме милениумци. Ние ќе се обидеме да го направиме тоа инстинктивно. Наместо тоа, тука сум за да ви кажам дека наоѓањето на вашата цел не е доволно”, изјави Закерберг.
Тоа, според него, не е доволно за општество кое во следниот период ќе се соочи со реалноста во која десетици милиони на работни места ќе бидат заменети со автоматизацијата, како на пример самоуправувачки автомобили и камиони. Закерберг ги повика младите луѓе да работат на големи јавни проекти кои можат за создадат нови работни места. Иако не прецизираше за какви проекти станува збор и каква улога компаниите како Facebook ќе имаат во нив, тој посочи неколку примери од минатото.


Закерберг смета дека треба да се истражат идеите за универзален основен приход- идејата дека секој треба да добива основна плата, и да се истражат начините за да се обезбеди здравствена заштита и грижа за децата кои нема да бидат поврзани со статусот на вработеност.

Закерберг посочи дека претходните генерации имале свои проекти кои ги дефинирале, како Hoover Dam, вселенската програма, борбата против полио, проекти кои ги подигнале и ја направиле Америка горда. Наведувајќи ги глобалните проблеми, како климатски промени и пандемиите, Закерберг изјави дека милениумците, во кои спаѓа и самиот, се доживуваат себеси многу повеќе како глобални граѓани, отколку како припадници на една нација-држава.
“За да го одржиме општеството да се движи напред, имаме генерациски предизвик, не само да креираме работни места, туку да креираме обновено чувство за цел. Тогаш што чекаме? Време е за големи дела кои ќе ја дефинираат нашата генерација”, им порача Закерберг на дипломците од Харвард Универзитетот.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

коментари и анализи
...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×