Марко Бислимоски: Во криза мора да се внимава на проблемите на енергетските оператори, но и на тешкотиите на потрошувачите
Објавено на од во Интервју

Насловна BislimovskiМарко Бислимоски
претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги

Оваа година потрошувачката е некарактеристична, затоа што осцилира горе – долу. Голем број објекти, угостителски, хотелски, како и некои други бизниси, не работеа долго време, што значи немало потрошувачка на струја. Од друга страна пак, трошоците кај енергетските компаниите се фиксни, работеле – не работеле, плати треба да поделат, мрежата треба да се одржува, итн. Плус, ние инсистиравме на редовните сервиси, за да немаме потоа испади во мрежата и сл.
Нам интенцијата ни е да не ги оштетиме ниту потрошувачите, ниту енергетските компании. Но, самите оператори мора да сфатат дека во криза неминовно е дел од товарот да го поднесат и тие, како што го поднесуваат потрошувачите. Дадовме препорака до снабдувачите со енергија да не ги исклучуваат оние со неплатени сметки во периодот на криза, и таа беше добро прифатена и од ЕВН, и од БЕГ, како и од водоводните претпријатија. Во првичниот удар на кризата, кога имаше малку и паника кај граѓаните, процентот на наплата тогаш драстично падна во споредба со истиот период од претходните години. Имаше моменти кога наплатата паѓаше и за 60%, но потоа се консолидираше ситуацијата.

 

Г- не Бислимовски, штотуку доаѓате од онлајн состанокот со регулаторните тела за енергетика во регионов… За што зборувавте, какви заклучоци донесовте?
Да, имавме редовен состанок на Бордот на регулаторни тела на земјите членки во Енергетската заедница, и ова беше прв состанок на овој борд што го претседавав јас, како новоизбран претседател на ова тело во декември 2019. Ова беше прв состанок организиран онлајн, поради ситуацијата со пандемијата, и најголем дел од времето посветивме на дискусија околу тоа како земјите членки на ЕЗ се справуваат со пандемијата во контекст на енергетските пазари.
Заклучивме дека сите земји помалку или повеќе сме ги презеле истите мерки: да нема исклучувања на домаќинствата, да се делат на рати сметките за електрична, топлинска енергија и сл., и притоа да не се пресметува камата. Потоа во зависност од тоа дали е државно или приватно претпријатие, имале делумно и построги мерки. Конкретно, во Црна Гора на индустриските капацитети не им се наплаќал фиксен надоместок којшто го има во оваа земја, како една симболична поддршка на овие компании. Исто така, кај нив имало и одредени субвенции при плаќањето на сметки за струја од страна на болниците. Но, во принцип, она што е најбитно е дека во ниедна земја немало проблеми со снабдувањето со електрична енергија и природен гас. Сите компании во делот на снабдувањето се соочуваат со намален процент на наплата, со намалена ликвидност. Во некои земји работеле наплатните пунктови, некаде не, и главно тоа се заедничките проблеми.
Констатиравме и дека сите земји треба да формираме на заеднички регионален пазар за електрична енергија и природен гас, затоа што така си помагаме меѓу себе и колку што можеме регулативите да ги усогласиме, бидејќи сме обврзани да имаме имплементирано директиви и регулативи од третиот енергетски пакет на ЕУ, значи исти правила коишто важат во Северна Македонија, важат во Црна Гора, Албанија, итн. Речиси во сите земји членки на ЕЗ важат истите правила, но ако имаме заеднички енергетски пазар на регионот, имаме поголеми шанси за странски инвестиции во енергетиката, затоа што нема да не гледаат како мали пазари од 2, 3 или 5 милиони жители, туку како еден поголем пазар. Да спомнам дека во ЕЗ членки се и Украина, Грузија и Молдавија, ние земјите од поранешна Југославија со ваков заеднички пазар стануваме поинтересни за странски инвестиции, пред се’ во изградба на капацитети за електрична енергија, и најголем дел тоа ќе бидат обновливи извори на енергија.
За отварање BОбјаснете ни малку повеќе околу ова…
Во ЕУ законодавството е веќе проблематичен начинот на продажба на струја произведена во термоелектрани, односно во земјите членки на ЕУ веќе се наплаќа трошок за ЦО2 емисии. Конкретно, пред да почне корона – кризава тие трошоци се наплаќаа по 24 – 26 евра за мегават час. Еве, како за споредба, цената на ЕСМ во моментов изнесува 34,5 евра за мегават час електрична енергија. Значи, се прават притисоци европскиве земји во своите законодавства што е можно повеќе да се намалува производството на струја од термоелектрани.
Повеќе европски финансиски институции во нашиов регион не финансираат никакви проекти за изградба на термоелектрани. Иако во моментов има проект за термоелектрана во Србија од 300 мегавати, и уште еден блок во Тузла, БиХ, но како поминува времето тоа ќе претставува сериозен проблем како ќе ја продаваат таа електрична енергија, затоа што кога ќе треба да плаќаат за тие ЦО2 емисии, цената нема да биде конкурентна. Добро, тоа нема да дојде веднаш, утре, во нашиот регион, туку за 7-8 години најмалку, но ќе мора да ја правиме таа транзиција и се’ повеќе да одиме на обновливи извори, но тоа да го правиме етапно.
Како ќе оди оваа транзиција кај нас, со оглед дека во моментов 70-80% од струјата добиваме од термоелектраните?
Точно, некаде околу 70% електрична енергија добиваме од термоелектрани. Ние ќе бидеме прва земја во регионов што ќе затвориме термоелектрана, „Осломеј“, каде што ќе се изгради таму нов фотоволтаик од 100 мегавати. Веќе во „Осломеј“ во рамките на кругот на термоцентралата почна да се гради 50 мегаватен фотоволтаик, а понатаму се планира изградба на фотоволтаик од 100 мегавати и да се замени термо – производството со она од фотоволтаиците.
Оваа транзиција ќе оди чекор по чекор ќе, бидејќи ние реално сме многу зависни од јаглен како гориво на термоелектраните, и постепено треба да се размислува и за нивно преадаптирање на природен гас, доколку може, и зависи колку ќе чини. Но, РЕК Битола ќе работи додека го има потенцијалот за јаглен, додека за нови ТЕЦ во земјава не може повеќе да се размислува. Прво треба голем период за да се направи анализа, физибилити студија, итн. Од каде ќе се вади јагленот, дали ќе биде површински коп, дали рудник ќе се прави… и ќе поминат десетина години. А за толку време електричната енергија добиена од јаглен ќе биде потполно неконкурентна.
А, каква е ситуацијата со развојот на електраните што користат обновливи извори?
Во моментов, има голем интерес за изградба на ветерни електрани. Сега работи една таква изградена од ЕСМ во Богданци, од 36,8 мегавати, но ние имаме издадено овластувања, решенија за повластен статус на производител за изградба на уште 120 мегавати, односно вкупно околу 160 мегавати ќе имаме инсталиран капацитет на ветроелектрани во наредниве 4-5 години.
Изградбата на малите хидроелектрани си функционира, и интересно е кај фотоволтаицитена пример, за оние што се градат на државно земјиште, беше предвидено тој што ќе понуди да зема најниска субвенција од државата, тој да добие тендер. Сега, наместо државата да дава од буџет, има голем интерес, и компаниите платија околу три милиони евра за да го добијат тендерот практично, и таму ќе се изградат околу 35 мегавати фотоволтаици, а имаше и тендер за фотоволтаици коишто се градат на сопствено земјиште. Таму ќе бидат околу 27 мегавати, значи 62 мегавати ќе имаме од фотоволтаици во наредните две години. Кај нив изградбата релативно брзо оди, се поставуваат само конструкциите и опремата на нив.
Антрфиле1BГраѓаните можат самите да ги достават состојбите на броилата до ЕВН, за да се коригираат сметките
Проблем настана поради тоа што Електродистрибуција, фирма ќерка на ЕВН, во март и во поголем дел од април не ги читаше броилата поради превенција од заразата, и поради тоа настана одреден револт кај дел од потрошувачите, бидејќи кога се изврши читањето, се направија порамнувања. Кај оние што потрошиле помалку, а платиле повеќе со сметката, сега добија пониски сметки за струја, имаше и такви што добија повисоки сметки. Ние со подзаконски акт наречен „Правила за снабдување со електрична енергија“ даваме можност секој потрошувач да може да си ја прочита состојбата на броилото, да му ја испрати на ЕВН, можеше и по телефон, по веб апликација, можеше и по Вибер и сл., и тоа во најголем дел функционира. Знаете, кај нас е створена навика секој месец да се чита броилото, инаку европското искуство е дека има обично по едно читање во текот на годината. Ќе треба и ние пополека во следниве години да ја даваме таа можност на операторот на електро – дистрибутивниот систем, бидејќи реално така ќе си ги намали трошоците.
Каква е регулативата, пак, во делот на индивидуалните корисници на фотоволтаици – физички лица и правни субјекти?
Кај нас е дозволено на секоја куќа може да си поставите фотоволтаик до 4 киловати. Значи, за тоа не треба лиценца и сл. Бидејќи се поставуваат на кровови, ќе мора да се добие решение дека кровот ги исполнува условите за да се постави фотоволтаикот. Затоа што има кровови со различна статика и сл. Притоа, тие домаќинства што ќе постават фотоволтаик, имаат обврска да одат на слободен пазар на електрична енергија, тоа е пред се’ од причина за да им биде инвестицијата порентабилна. Во моментов на регулираниот пазар цената по којашто продава ЕСМ на ЕВН Хоум е 34,5 евра, а на слободниот пазар изнесува меѓу 60-70 евра за мегават час. Таа произведена електрична енергија снабдувачот е обврзан да ја купи по цена не пониска од 90% од цената по којашто му продава на домаќинството. Така што, за пократок период да има поврат на инвестицијата. И во периоди во лето на пример, кога луѓето се на одмор, снабдувачот е обврзан да ја купува оваа електрична енергија.
За индустриски објекти, пак, дозволено е до 20 киловати фотоволтаик да си постават на кров. Но, она што радува е дека има голем број на фабрики што на своите кровови си поставуваат фотоволтаици, доаѓаат во РКЕ, си вадат лиценца и потоа ја продаваат струјата на снабдувачи. Сега и цената на опремата за фотоволтаици се намалува на светскиот пазар, поевтинува инвестицијата, а и пазарните цени им одговараат, па им ја продаваат струјата на снабдувачот, па меѓу себе си се пребиваат на крајот. Поточно, тој што поставил фотоволтаик си ја доплаќа само разликата, тоа што си го произвел сам за себе не му е предмет на наплата од страна на снабдувачот.
Откако дадовте препораки до енергетските компании да не ги исклучуваат граѓаните со неплатени сметки среде корона – кризата, каков е ефектот? Се жалат ли операторите за загрозена ликвидност и сл.?
Ние дадовме препорака до снабдувачите со енергија, и таа беше добро прифатена и од ЕВН, и од БЕГ, како и од водоводните претпријатија. Во првичниот удар на кризата, кога имаше малку и паника кај граѓаните, процентот на наплата тогаш драстично падна во споредба со истиот период од претходните години. Имаше моменти кога наплатата паѓаше и за 60%, но потоа се консолидираше ситуацијата. Пензионерите, на пример, се редовни плаќачи, и само што ги добија априлските пензии, си ги подмирија сметките за струја, вода, парно, па се подобри значително и ликвидноста на снабдувачите.
Инаку, имаше и потрошувачи коишто имаа неплатени сметки за струја и по 6 и повеќе месеци, па во првиот период ние не дозволувавме и тие да бидат исклучувани, но како се олабавуваше тензијата ЕВН почна да ги исклучува, затоа што сметките сепак ќе треба да се плаќаат, нели. И ние тогаш кажавме дека за мартовска, априлска и мајска сметка да може да се платат одложено на рати, без камата. Инаку, проблемот со ликвидноста е намален, но ќе трае и во јуни, јули и август. Сепак, снабдувачите, особено ЕВН Хоум, си имаат гарантирана маржа, која што и според регулативата, и по одреден период ќе немаат проблем да си ги наплатат своите побарувања кај потрошувачите.
Што станува со високите сметки за струја што ги добија голем број граѓани? Дадени беа препораки да не се читаат броилата од екипите на ЕВН со цел да не се зголемува ризикот од ширење на вирусот, но потоа стигнаа повисоки сметки.
Проблем настана поради тоа што Електродистрибуција, фирма ќерка на ЕВН, во март и во поголем дел од април не ги читаше броилата, и поради тоа настана одреден револт кај дел од потрошувачите, бидејќи кога се изврши читањето, се направија порамнувања. Кај оние што потрошиле помалку, а платиле повеќе со сметката, сега добија пониски сметки за струја, имаше и такви што добија повисоки сметки. Ние со подзаконски акт наречен „Правила за снабдување со електрична енергија“ даваме можност секој потрошувач да може да си ја прочита состојбата на броилото, да му ја испрати на ЕВН, можеше и по телефон, по веб апликација, можеше и по Вибер и сл., и тоа во најголем дел функционира. Знаете, кај нас е створена навика секој месец да се чита броилото, инаку европското искуство е дека има обично по едно читање во текот на годината. Ќе треба и ние пополека во следниве години да ја даваме таа можност на операторот на електро – дистрибутивниот систем, бидејќи реално така ќе си ги намали трошоците. Со оглед дека има преку 700 илјади броила приклучени во мрежа, не е возможно за кратко време да се прочитаат сите.
Но, како и да е, со ЕВН сме во комуникација, и тие прават пилот проект за поставување броила со можност за далечинско читање. Да видиме какви ќе бидат резултатите, и верувам дека во следниот период вакви броила ќе се постават кај сите домаќинства и ќе се елиминира овој проблем.
Добивте ли многу поплаки од граѓаните поради високите сметки? И колку реално тие ја користат опцијата сами да си испратат состојба на броилото до ЕВН?
Кај нас во РКЕ имаме околу 400-500 поплаки и ги упатуваме да го направат сами читањето, а конкретен податок имаат во ЕВН, мислам дека е околу 2-3.000 домаќинства коишто самите пратиле состојба на броилото. Не треба да создаваме непотребен револт кај граѓаните, коишто велат дека вака се авансира ЕВН. И кога ЕВН ќе оди да ја прочита реалната потрошувачка, еден ден мора фактурата да се порамни. Јас сметам дека ЕВН можеби требаше малку да олабави со начинот на којшто ги достави фактурите, можеше малку повеќе да го развлече периодот, за да му дојде реална сметка на потрошувачот.
Треба да земеме предвид и дека голем број граѓани беа дома, работеа од дома, децата не беа на училиште и во градинките и сл., и нормално дека потрошувачката на струја ќе биде поголема тој период од вообичаено.
Едноставно, и ние упативме една критика до ЕВН, во смисла дека кога е криза, таа е и за потрошувачите, и тој товар што го имаат потрошувачите мора дел да преземе и снабдувачот. Треба да се има малку повеќе разбирање во овој дел.
Антрфиле2B
30 или 50 денари плус во месечната сметка за вода нема да ги осиромаши граѓаните, а ќе донесе поквалитетно водоснабдување
Минималната цена на водата ги покрива оперативните трошоци и амортизацијата, но не дава услови за инвестиции во подобрување на инфраструктурата, квалитетот на водата и сл. Бранејќи го божем интересот на граѓаните, водоводните претпријатија се соочуваат потоа со проблеми во работењето. Колку за илустрација: минатата година РКЕ донесе одлука за минимална и максимална цена, и Советот на општина Ресен не ја потврди цената. Во меѓувреме во Асамати, Преспа, прегоре една пумпа за обезбедување вода за пиење, и поправката чини 10.000 евра. Јавното комунално претпријатие немаше пари, 10 дена поминаа, среде туристичка сезона Асамати немаше вода. А во општина Ресен, требаше 30-40 денари да им се зголеми сметката за вода месечно. Колку добиле, а колку загубиле со овој пристап? Претходно имало концепт да се покачи минимално цената на водата и да се обезбеди сигурност во водоснабдувањето. Ама кога ќе се политизира проблемот што нема врска со политика, туку е круцијален за секојдневно функционирање на граѓаните…
Најавивте и иницијатива за одредување на финалната цена на водата, наместо досегашното право на советите на општините. Што ќе донесе оваа промена?
Со новиот Закон за утврдување на цени на водните услуги и измените во Законот за енергетика на РКЕ ѝ беше определена уште една надлежност и тоа во доменот на регулирање на цените на водните услуги, односно утврдување на тарифите за снабдувањето со сурова вода и вода за пиење, собирање и одведување на урбани отпадни води и пречистување на отпадни води.
Досега, овие тарифи односно цени се утврдувале од страна на јавните комунални претпријатија и градоначалниците, а се одобрувале од страна на советите на општините. Искуството покажало дека овој процес не секогаш бил ефикасен, односно многу често се случувало предлогот за висината на цените да не биде одобрен во потребниот временски рок, а воедно праксата покажала дека постојните тарифи не ги покриваат трошоците на давателите на услугите за води, особено оние трошоци поврзани со собирањето и третманот на отпадните води и не се применува начелото „загадувачот плаќа“.
Оттука, главната цел на оваа реформа е да се воспостави ефикасен систем на определување на цените на водните услуги и РКЕ, како прво регулаторно тело со најголемо искуство во земјава, ќе го предводи тој процес.
За да се добие квалитетна услуга, неопходно е да се формираат цени кои ќе ги одразуваат оправданите трошоци на работењето на јавните комунални претпријатија, со цел да се овозможи квалитетно и одржливо користење на водната инфраструктура, но истовремено особено е важно да се има во предвид водните услуги да бидат финансиски достапни до населението и во таа насока РКЕ ќе работи со цел во разумно време да се добијат квалитетни услуги обезбедени со најниски можни трошоци.
Јавните комунални претпријатија како даватели на водни услуги претставуваат природни монополи и РКЕ, како независна институција согласно Законот за енергетика, ќе биде коректив на нивното делување. Регулирањето на цените на водните услуги ќе им помогне на давателите на водните услуги подобро да ги планираат своите трошоци, да ја зголемат својата ефикасност и со соодветно насочување на инвестициите да се подобри квалитетот на нивните услуги.
Сето ова ќе биде од корист за сите, јавните комунални претпријатија, населението и останатите корисници и секако ќе придонесе за поголема заштитата на животната средина.
За колкави отприлика поскапувања на водата ќе дојде доколку се направат овие промени?
Минималната цена ги покрива оперативните трошоци и амортизацијата, но не дава услови за инвестиции во подобрување на инфраструктурата, квалитетот на водата и сл. Во име на интерес за граѓаните, тие се соочуваат потоа со проблеми во работењето. Ние кога зборуваме за зголемување на цена, зборуваме за зголемување за максимум 40-50 денари на сметката за вода. За 50 денари никој не може да ме убеди дека едно домаќинство ќе биде пооптоварено. А тие пари за комуналното претпријатие ќе значат многу.
Ние ја согледавме оваа ситуација, и да стивне кризата, ќе дадеме конкретен предлог. Како што определуваме за струја, парно и гас крајни цени, задолжителни за претпријатијата снабдувачи, истото да го направиме и за водата. Да нема веќе минимална и максимална цена, туку тоа што ќе го каже РКЕ да биде обврзувачко за комуналните претпријатија.
Кога определуваме цени во делот на енергетиката, нашите методологии му даваат на претпријатието рамка до каде може да му бидат трошоците. И тоа ни успева во енергетиката, компаниите се научија да се „лепат“ до тоа што е максимална цена и нешто заштедуваат. Таа разлика што ќе остане ние им ја оставаме на компаниите. Кога ќе дојде наредниот период за определување цени, го имаме предвид тоа дека ги намалиле трошоците и новиот репер го намалуваме. И притоа ги тераме да ги обезбедуваат услугите со соодветен капацитет како што е пропишано.
Ние сакаме да извршиме своевиден притисок врз комуналните претпријатија за вода да си ги намалуваат трошоците. Таму имаме превработеност, итн., има простор за намалување на трошоците. Во крајна линија, вода да снема некаде. Тоа наводно што заштедиле со ова незголемување на цената за 50 денари, ќе ги даде за две шишиња вода што мора да ги купи. А поентата е сите да добијат далеку поквалитетна услуга отколку што е сега. И притоа да не биде оптоварување за буџетот на домаќинствата.
За илустрација само… Минатата година РКЕ донесе одлука за минимална и максимална цена, и Советот на општина Ресен не ја потврди цената. Во меѓувреме во Асамати, Преспа, прегоре една пумпа за обезбедување вода за пиење, и поправката чини 10.000 евра. Јавното комунално претпријатие немаше пари, 10 дена поминаа, среде туристичка сезона Асамати немаше вода. А во Ресенско, требаше 30 денари да им се зголеми сметката за вода месечно. Колку добиле, а колку загубиле со овој пристап? Претходно имало концепт да се покачи минимално цената на водата и да се обезбеди сигурност во водоснабдувањето. Ама кога ќе се политизира проблемот што нема врска со политика, туку е круцијален за секојдневно функционирање на граѓаните… Тврдам дека во Асамати загубиле многу повеќе пари од тие 30 денари на месечно ниво.
Најавивте и промени во делот на користењето на топлинската енергија, поевтинување на приклучокот… За што точно се работи?
Имаме голем број случаи во Скопје, на пример, каде што кога се градат нови згради системот за топлинска енергија поминува на 100 – 200 метри од зградата, а инвеститорите не сакаат да се приклучат на централното парно, бидејќи ќе имале зголемени трошоци. А ако не се приклучи на парно, треба да им обезбеди греење на струја. И кога се приклучува на струја не ја зема предвид моќноста што треба да ја има просечно домаќинство, туку помала. А, всушност моќноста се зголемува, затоа што луѓето ќе се греат на струја, а не на парно. И после настануваат проблеми, затоа што не е кажана вистинската потреба за моќност, па пукаат осигурувачите, а инвеститорот не се интересира потоа за тие проблеми. И поради тоа, прво поднесовме иницијатива до Министерство за транспорт и врски, да им одредба дека кога се дава одобрение за градење, во него да се наведе на што ќе се греат тие домаќинства – на струја, парно, гас… Општините треба да се мапираат, и да се каже, овој дел од Скопје греењето ќе биде на парно. И да нема повеќе, оваа зграда сакала, оваа не сакала приклучок на парно.
Сега треба време, таа постапка ќе трае малку во Министерството, но за да привлечеме нови потрошувачи на парно и инвеститорите да ги одоброволиме, цената на приклучокот по единечен киловат ја намаливме од 3.180 на 2.000 денари, за да ги стимулираме што е можно повеќе да се приклучуваат на организираниот систем за парно греење. Исто така, кога се донесе новиот Закон за енергетика, во јуни 2018, секој инвеститор е обврзан да постави калориметри во новите згради што се градат. Ова е уште поголема придобивка, затоа што се жалат граѓаните, особено за парно, дека нема мерење во секој стан поодделно, и тој проблем е решен за новите згради. Бараме начин каде што има техничка можност, кај што има хоризонтална инфраструктура, таму има можност да се постави калориметар за секој стан, и сега бараме начин како да се подмират трошоците за тоа. Затоа што ако ги купи БЕГ тие калориметри, ќе има промена на цената, па ќе бараме начин тоа да не падне врз грбот на граѓаните.
Антрфиле3BНедозволиво е цевки за парно да поминуваат на 100 – 200 метри од зграда што се гради, а инвеститорот да планира греење со струја!

Имаме голем број случаи во Скопје, на пример, каде што кога се градат нови згради системот за топлинска енергија поминува на 100 – 200 метри од зградата, а инвеститорите не сакаат да се приклучат на централното парно, бидејќи ќе имале зголемени трошоци. А ако не се приклучи на парно, треба да им обезбеди греење на струја. И кога се приклучува на струја не се зема предвид моќноста што треба да ја има просечно домаќинство, туку помала. А, всушност моќноста се зголемува, затоа што луѓето ќе се греат на струја, а не на парно. И после настануваат проблеми, затоа што не е кажана вистинската потреба за моќност, па пукаат осигурувачите, а инвеститорот не се интересира потоа за тие проблеми. И поради тоа, прво поднесовме иницијатива до Министерство за транспорт и врски, да им одредба дека кога се дава одобрение за градење, во него да се наведе на што ќе се греат тие домаќинства – на струја, парно, гас…
Какви се ефектите од поевтинувањето на приклучокот за електрична енергија? Што ви беше целта со таа мерка?
Во октомври лани го намаливме приклучокот за електрична енергија, за приклучување на дистрибутивната мрежа, од 500 евра, стандардниот приклучок го намаливме на 370 евра. Тоа го направивме за да може пред се’ да се релаксира малку ситуацијата, бидејќи имавме голем број на жалби во овој дел. Кај струјата имаме стандарден и нестандарден приклучок. За стандардниот се плаќа пропишаната сума, но кај што нема детални урбанистички планови, за коишто ЕВН не е воопшто виновен, туку главен збор имаат општините, се наплаќа нестандарден приклучок, по реален трошок, којшто во просек изнесуваше околу 2.000 евра по куќа. Значи, го проширивме и опсегот на домаќинства коишто ќе имаат право на стандарден приклучок, пред се’ да им олесниме на граѓаните, затоа што ни тие не се виновни за тоа што општината не донела ДУП. Најголем дел од жалбите беа од општини од Западна Македонија, каде што општините немаат донесено ДУП. Сега имаме порелаксирана ситуација.
Дополнително, го намаливме и трошокот кога некој ќе биде исклучен од мрежата, за повторно вклучување. Претходно се плаќаше по 1.700 денари, а сега е 400 денари. Сакавме да дадеме сигнал потрошувачите да се сконцентрираат на плаќање на сметките, а не на овој дополнителен трошок. Исто и трошокот за одвојување на мерно место, претходно беше 500 евра, сега е 200 евра.
Се шпекулира во јавноста дека ќе има покачување на цената на струјата, дека сте добиле такво барање од операторите и сл. Колку е ова точно?
Видете, операторите секогаш инсистираат на покачени цени, јас сум повеќе од 15 години во РКЕ, и кога се поднесуваат барања за цените, никогаш не е побарано помала цена. Инаку, вообичаено е секоја година кон крајот на мај – почетокот на јуни, сите оператори во енергетскиот сектор доставуваат барања за корекција на цените. Оваа година потрошувачката е некарактеристична, затоа што осцилира горе – долу. Голем број објекти, угостителски, хотелски, како и некои други бизниси, не работеа долго време, што значи немало потрошувачка на струја. Од друга страна пак, трошоците кај енергетските компаниите се фиксни, работеле – не работеле, плати треба да поделат, мрежата треба да се одржува, итн. Плус, ние инсистиравме на редовните сервиси, за да немаме потоа испади во мрежата и сл.
Ги добивме барањата за цени, сега ги анализираме. Не сме баш задоволни од доставените податоци, особено во делот на потрошувачката. Ако таа е повисока, ќе треба повеќе струја да се набави и наредниве десетина дена ќе бидеме во интензивна комуникација со операторите со цел да ни достават релевантни податоци. Нам интенцијата ни е да не ги оштетиме ниту потрошувачите, ниту енергетските компании. Така да, доколку добиеме квалитетни податоци ќе донесеме одлука за цените.

 

 

 

 

 


Почитувани за да продолжите со читањето треба да бидете претплатник

Доколку сте претплатник на kapital.mk, само логирајте се.

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Одберете пакет за претплата:

Напоменуваме дека подолу можете да купите само едно електронско издание

Зошто треба да се претплатите?

Што добивате со он-лајн претплата на Капитал:
  • Со претплата на електронското издание на Капитал заштедувате 20% попуст на цената за претплата на печатеното издание

  • Можност за најава од три различни уреди – домашен компјутер, службен компјутер и мобилен телефон

  • Пристап до електронското издание од било каде во Светот

Што добивате со претплата на печатеното издание на Капитал:
  • 49 броја на редовното издание на Капитал

  • 45 специјални додатоци годишно, интегрирани во рамки на редовното издание на Капитал

  • Бесплатна достава на магазинот на домашна адреса или на работа

  • Платена поштарина

  • Вклучено ддв

  • Бесплатен он-лајн пристап до сите електронски изданија на редовниот број на Капитал и сите специјални прилози

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

...Сите ние живееме во време, кога само идејата е капитал, сè друго е пари...
Најава
Регистрација

На вашата e-mail адреса ќе добиете лозинка за логирање на КАПИТАЛ.

Заборавена лозинка?

Внесете e-mail адреса или корисничко име со кое сте регистрирани на КАПИТАЛ.

×